1 март во историјата – Киднапирано е бебето на Чарлс Линдберг


  На 1 март 1932 година, во злосторство што го привлече вниманието на цела Америка нација, Чарлс Линдберг Џуниор, 20-месечниот син на авијацискиот херој Чарлс Линдберг и Ен Мороу Линдберг, е киднапиран од новата вила на семејството во Хоупвел. Њу Џерси. Линдберг, кој стана меѓународна славна личност кога го прелета првиот соло лет преку Атлантскиот […]

Која храна е најлоша да се јаде на празен стомак: Гастроентеролог открива која храна ве дуе и ви предизвикува ждригавица


Која храна е најлоша да се јаде на празен стомак? Повеќето луѓе го започнуваат денот со шолја топло, црно кафе, обично на празен стомак. Бидејќи ништо не може подобро да ги разбуди и да им го „засили системот“ после спиење од овој пијалок. Некои, пак, имаат навика да јадат овошје наутро, верувајќи дека тоа е […]

Русија им забранува на јавните службеници употреба на повеќето странски зборови


Со новите амандмани на рускиот закон на јавните службеници им се забранува употреба на повеќето странски зборови во текот на извршување на должноста, по одлуката која ја потпиша претседателот Владимир Путин. Од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин постојано повторува дека сака да ја заштити Русија од, како што го нарекува, дегенерираниот Запад кој […]

Дали ЕУ има сила да ги надмине разликите околу новите изборни правила?


Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат во 2024 година. Бројни европски парламентарци долги години се залагаат за измени на Изборниот закон со кој се избираат претставници. Ваквата иницијатива сè уште нема поддршка. Демијан Бозелагер, германски претставник од групата на Зелените во Европскиот парламент, е еден од најголемите критичари на актуелниот Изборен закон и е […]

Европското обвинителство лани отворило 143 истраги во Бугарија за измами од речиси половина милијарда евра


Европското обвинителство денеска го презентираше извештајот за своите активности во 2022 година, во кој е соопштено дека во Бугарија се водат 143 истраги за сомневање за измама со буџетот на ЕУ во вкупна вредност од 492,6 милиони евра. Минатата година инспекциите почнале 101 истрага, за непокриени трошоци од 176,3 милиони евра. Ревизиите за измами со […]

Леб нема по продавниците


  Од утрово, рафотвите за леб останаа празни, иако пекарите најавија дека леб ќе доставуваат додека не стапи на сила одлуката на Владата за замрзнување на цената на 33 денари. Луѓето кои утрово пазареа леб велат дека не нашле. „Сега бев во продавница. Има само неколку леба што останале од вчера. Тоа не е бел […]

Мистериозно труење во Иран, десетици ученички примени во болница


Десетици ученички се примени во болница поради мистериозно труење, во последниот од серијата сомнителни напади во Иран, објавија денеска иранските медиуми. Во текот на последните три месеци, стотици ученички пријавиле респираторни проблеми, главно во градот Ком јужно од Техеран, пишува „Гардијан“. Претставник на иранската Влада потврди дека се сомнева дека станува збор за намерни напади […]

Руската шаховска федерација мигрираше од Европа во Азија


Шаховската федерација на Русија објави дека од мај веќе нема да биде европска членка и ќе му се приклучи на Азискиот шаховски сојуз. Оваа одлука, која доби одобрување на азискиот шаховски самит во Абу Даби, доаѓа во време кога неколку руски спортски федерации, вклучувајќи ја и фудбалската, исто така размислуваат за напуштање на Европа. „Ова […]

Перу: Стара мумија пронајдена во торба-ладилник за испорака на храна


Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата притоа рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“. Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите. Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита […]

Уште не стигнати в училиште, учениците евакуирани, по дојави за бомби


Дојави за бомби стигнати се на адресите на неколку скопски училита утрово, уште пред учениците да стигнат во училиштата. Во моментот се евакуира скопската гимназија „Орце Николов“. Се евакуираат и  „Никола Карев” и „Јосип Броз Тито”.  Евакуирани се и основните училишта во Аеродром и Гази Баба. Дојави за бомби веројатно се стигнати во повеќе училипта, […]

Преживеан патник од возот во Грција: Пекол од 10 секунди, оган насекаде!


  Најмлаку 32 луѓе загинаа, а 85 се повредени во судар на два воза во Грција, во блзина на градот Лариса околу полноќ, објавија пожарникарите. Се судрија товарен и патнички воз, а спасувачките тимови извлекуваат луѓе од смачканите вагони. Сведоштво на преживеан патник „Ова е ужасна ноќ. Беше многу силен удар. Тешко е да се […]

Прајс: САД ги поздравуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел


 Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни. Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини […]

Дискусија „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“


Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), денеска во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе организираат јавен настан насловен „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“. Целта е да се презентираат две конкретни идеи […]

Зеленски од МКС побара меѓународна истрага и за „целокупниот руски геноциден состав“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага сите оние кои ја планирале, одобриле и извршиле руската инвазија врз Украина да одговараат пред меѓународниот суд. -Ќе го растуриме целиот руски геноциден систем, од запчаниците до архитектите, и ќе ги изведеме пред лицето на правдата, рече Зеленски во своето секојдневно видео обраќање по средбата со главниот обвинител на […]

Втор Економски Форум во Скопје со фокус на просперитетот во време на пресврти


Во Скопје денеска ќе се одржи Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација. Фокус на форумот ќе биде ставен на просперитетот во време на пресврти. Форумот ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а најавено е учество на повеќе политичари меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин […]

ФБИ: Причина за пандемијата на Ковид -19 веројатно е инцидент во кинеска лабораторија


Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан. -ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз. Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, […]

Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри


Собранието денеска ќе ја продолжи 104. седница најверојатно со гласање за разрешување на замениците министри откако синоќа заврши расправата по оваа точка од дневниот ред. Потоа пленарната седница треба да продолжи со изборот на новите заменици министри. Премиерот Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од четири до 10, а максималните од 10 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно […]

Катастрофален судар на возови во Грција, најмалку 36 загинати и 66 повредени


  Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните […]