Уште не стигнати в училиште, учениците евакуирани, по дојави за бомби


Фото: Б. Грданоски

Дојави за бомби стигнати се на адресите на неколку скопски училита утрово, уште пред учениците да стигнат во училиштата.

Во моментот се евакуира скопската гимназија „Орце Николов“. Се евакуираат и  „Никола Карев” и „Јосип Броз Тито”.  Евакуирани се и основните училишта во Аеродром и Гази Баба.

Дојави за бомби веројатно се стигнати во повеќе училипта, но од полицијата уште не излегле со конкретна бројка.

Во текот на вчерашниот ден, дојави за бомби, што се покажаа лажни имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје. Дел од учениците, по евакуацијата, наставата ја продолжуваат онлајн. 

Дојавите за бомби, речиси секојдневно, стигнуваат од октомври наваму.