Норвешката полиција заплени рекордна количина кокаин по дојава од Германија


Властите во Норвешка запленија рекордно количество кокаин скриено во пратка со јужноамериканско овошје, по дојава од Германија, јави ДПА. Норвешката полиција соопшти дека оваа недела во главниот град Осло биле запленети повеќе од 800 килограми дрога. „Сепак, досега нема уапсени“, изјави инспекторката Грета Метлид на прес-конференција. Пратката, која се проценува на улична вредност од десетици […]

Павле Трајанов го нарече Уставниот суд „испостава“ на СДСМ


  Нарекувајќи ја одлуката на Уставниот суд за укинувањето на член од законот за платите на функционерите „неразумна и неодговорна“, претседателот на Демократскиот сојуз вечерва го нападна највисокиот суд на државата велејќи дека бил во дослух со владејачките партии, првенствено со СДСМ. „Владата соучествува во одлуката и затоа ќе си понесе одговорност“, рече Павле Трајанов […]

Во метеж при рамазанско делење храна и пари во Пакистан загинати 11 жени и деца


Најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во пакистанскиот град Карачи, во метеж што се случи во Рамазанскиот центар за делење храна и пари, соопштија денеска полицајци и спасувачи. Сопствениците на компании често делат пари и храна за време на исламскиот празник Рамазан, особено на сиромашните, а опустошениот од поплавите Пакистан се соочува со […]

Имигрантите денес сочинуваат десет проценти од популацијата во Франција


На основа на истражување направено во 2021 година, се дошло до податоци дека секое десетто лице кое живее во Франција е родено во странство, објави во четвртокот националната статистичка агенција „INSEE“, во своето прво истражување за имиграцијата во последните 10 години, пренесува „AFP“. Речиси седум милиони луѓе, или 10,3 проценти од сите луѓе во Франција […]

Андон Дончевски прогласен за „Спортски великан на Македонија“


  Прославениот фудбалски тренер и прв селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски, дене доби високо спортско признание. Во просториите на Македонскиот олимписки комитет тој ја доби наградата „Спортски великан на Македонија“ од Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа. Наградата му ја врачи почесниот претседател на МОК, Васил Тупурковски. Претседателот на МОК, Даниел Димевски, исто […]

Пролет во знакот на новите колекции на брендовите на Fashion Group (галерија)


Создавањето шик пролетни комбинации секогаш е толку забавно, а кога ги имате вистинските парчиња е полесно од било што! По неколку месеци слоевити стајлинзи, конечно е време да уживаме во лежерноста на пролетните парчиња со најубавите колекции од познатите брендови на Fashion Group. Bitsiani https://bit.ly/3TWPV7u Парчињата кои се вистински класици и оваа сезона се на пиедесталот, […]

Нов руски стратешки документ: Против Западот; клучни партнери Индија и Кина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се наведени Кина и Индија како клучни партнери за иднината на Русија. Како што пренесува АФП, новиот стратешки документ го зацементира длабокиот јаз меѓу Москва и Западот во стилот на Студената војна, кој драстично се продлабочи […]

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина


Словачка планира да го зголеми производството на муниција и артилериски гранати за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над додека патувал со воз за Киев. Коментарите на Над се последното покажување поддршка за Украина од Словачка, која неодамна го испорача системот за воздушна одбрана „Куб“ и првиот од тринаесетте ветени борбени авиони „МиГ-29“ од […]

Хиперсоничниот авион „Ајгер“ ќе патува од Европа до Австралија за само четири часа


Швајцарската компанија „Дестинус“ развива патнички авион на водород кој ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа. „Дестинус“ го тестираше авионот две години, а успешните летови ги потврди на крајот на 2022 година. Сега, шпанското Министерство за наука го избра „Дестинус“ да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства […]

Триесетина светски пливачи на Охридскиот маратон


Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон. Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови […]

Земјотрес во Грција


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина. Грчкиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.

Исландскиот селектор доби отказ


Раководството на Фудбалската федерација на Исланд (КСИ) му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон само неколку денови по убедливиот триумф од 7-0 над Лихтенштајн во евроквалификациите, но за 45-годишниот стратег тоа беше само шеста победа на исландската клупа на 31 натпревар. „Ова, секако, е тешка одлука, но ја сметаме за потребна и исправна“, соопшти синоќа […]

Потпишан договорот за изградба на дополнителни 35 километри од оградата на грчко – турската граница


Цврста метална ограда висока пет метри и во должина од 35 километри на која ќе бидат поставени бодликава жица и ламарини кои ќе спречуваат било каков пристап, ќе биде изградена кај Еврос на грчко – турската граница во рамките на планот на Владата за дополнително проширување на веќе постоечката ограда. Договорот за изградбата на новите […]

Инспекторатот за животна средина забележал траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани


 Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“. Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за […]

Ердоган официјално ја започна кампањата за претседателските избори


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ја започна кампањата за претседателските избори со посета на југот на земјата, кој беше тешко оштетен од земјотресот на 6 февруари. „Дојдовме за да ви служиме, а не да заповедаме“, им рече тој на толпата на градилиштето отворено во провинцијата Газиантеп, во близина на сириската граница. Шест недели […]

Ѓедовиќ: За изградба на гасната интерконекција со Северна Македонија очекуваме подршка од ЕУ


Поддршка од Европската Унија за планираната изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, очекува српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ. Таа ова го наведува во соопштението по денешното потпишување на Меморандумот за соработка во областа на рударството и енергетиката со министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, јави дописникот на […]

Лукашенко: Мојот век завршува


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека народот ќе одлучи за уште еден можен претседателски мандат за него. Во своето обраќање до нацијата и парламентот, тој рече дека нема намера да умре на функцијата, ниту да биде „куца патка“ (политичар во заминување чиј наследник веќе е избран). Белорускиот претседател нагласи дека неговите деца нема да […]

Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони во Русија


Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони, вклучително и беспилотни летала, во Русија како дел од најновите санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина, соопшти денеска јапонското Министерство за трговија, пренесува Танјуг. Министерството соопшти дека мерката исто така им забранува на јапонските компании да извезуваат широк спектар на индустриски производи во Русија, […]

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга


Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. – Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа […]

Пекар починал во фурна во Чаир


  Во четвртокот, во 18.14 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во фурна на подрачјето на Чаир починал вработениот Т.И.(48) од Р.Косово. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.