Гори трска во близина на индустриската зона во Струга
Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари.
Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило.
– Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа со едно возило, изјави Мазари.
Палењето трски на крајбрежниот појас во Струга е пракса која се повторува секоја пролет.