Андон Дончевски прогласен за „Спортски великан на Македонија“


 

Прославениот фудбалски тренер и прв селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски, дене доби високо спортско признание. Во просториите на Македонскиот олимписки комитет тој ја доби наградата „Спортски великан на Македонија“ од Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа. Наградата му ја врачи почесниот претседател на МОК, Васил Тупурковски.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, исто така го прогласи Дончевски за почесен член на Македонскиот олимписки комитет.

Дончевски доби и дрес од фудбалската репрезентација на Македонија со името на славниот гголман Благој Истатов.