Земјотрес во Грција


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.