Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан


Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија. Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето […]

Во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид прва операција со најнова роботска опрема


Во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е извршена првата операција на рбет, со употреба на најновата генерација роботски микроскоп. Како што објави на својот Фејсбук профил неврохирургот д-р Митре Милошевски, со извршениот зафат установата држи чекор со најголемите вертебролошки центри. – Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и […]

„Мислам дека е јасно“: Борел за обврската да се усвојат уставните измени


  Ова е клучна година за Македонија во процесот на евроинтеграции порачаа денеска во Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација. Тие посебно нагласија дека земјава треба да ги исполни преземените обврски, кои вклучуваат промена […]

Нема италијанско или англиско финале во Лигата на шампиони


Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе игра против Челзи во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во Нион, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Манчестер сити и минхенски Баерн. Во преостанатите два четвртфинални дуели се среќаваат Интер против Бенфика, како и Милан против Наполи во италијанската пресметка. Победниците од овие два дуели ќе бидат противници во […]

Од недела стабилно време со пораст на дневната температура


Од недела се очекува период на стабилно време со пораст на дневната температура. Како што соопшти УХМР, за утре, се прогнозира свежо утро, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне […]

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради воени злосторства во Украина


Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина. Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии […]

Лице в лице со Претседателот- ученици во посета на кабинетот на Пендаровски


Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, денеска го посетија ученици од ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје, во рамки на Отворен Кабинет. Учениците се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа и за активностите во Кабинетот, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите наменети […]

Одреден патот до финалето во Лига Европа и Конференциската лига


Со жрепка попладнево во седиштето на УЕФА во Нион се одредени двојките за четвртфиналето и потенцијалните полуфинални пресметки во второто и третото по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа и Конференциската лига. Лига Европа, четвртфинале (13 и 20 април). Манчестер јунајтед – Севиља, Јувентус – Спортинг, Баер Леверкузен – Унион Сент-Жил, Феенорд – Рома. Полуфинални двојки: (11 и 18 мај): Јувентус/Спортинг – Манчестер јунaјтед/Севиља Феенорд/Рома – Баер Леверкузен/Унион […]

Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари


Турција – Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара. Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година. Најголем дел од штетата, […]

Посебен режим на сообраќај во Охрид во текот на претстојниот викенд


МВР ги известува граѓаните дека, поради средбата меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер, Александар Вучиќ и Албин Курти, која викендов ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на охридското СВР се преземаат соодветни безбедносни мерки. -Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти и […]

Јутјуб го враќа каналот на Трамп


САД– Компанијата Јутјуб  (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја […]

Грковска: Сајбер безбедноста во администрацијата е клучна за заштита на граѓаните


Паралелно со дигиталната трансформација на општеството, сајбер безбедноста треба да биде третирана како највисок приоритет. Во спротивно, изложеноста на ризици ќе го надмине бенефитот кој го добиваме со дигитализацијата, што е ситуација која мора да ја избегнеме по секоја цена, затоа што би имала несогледливи импликации за севкупниот развој, истакна заменичката на претседателот на Владата […]

СЗО: Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со сезонскиот грип


Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со заканата од сезонски грип, соопшти денеска Светската здравствена организација, која се надева дека повторно ќе го намали максималното ниво на предупредување оваа година. „Мислам дека доаѓаме до точка каде што можеме да гледаме на коронавирусот на ист начин како што гледаме на сезонскиот грип, кој е здравствена закана, […]

Турција се согласи Финска да влезе во НАТО, објави Ердоган


  Турција одлучи да го започне процесот на ратификација на пристапот на Финска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во петокот во Анкара. „Одлучивме да го започнеме парламентарниот процес на ратификација на протоколот за пристапување на Финска во НАТО“, рече Ердоган. Финска и Шведска ја објавија својата намера да се приклучат […]

Романија ѝ ја одзеде лиценцата на бугарската осигурителна компанија „Еуроинс“


  Романскиот Финансиски надзорен орган (АСФ) во петокот (17 март) објави несолвентност на најголемиот автомобилски осигурител во земјата, „Еуроинс“, компанија во бугарска сопственост која е дел од холдингот „Еврохолд“, потег што тој го оцени како „непријателско преземање“. Во своето соопштение, АСФ рече дека одлучил „да го повлече овластувањето за работа на ‘Еуроинс Романија’, забележувајќи ги […]

На 73 години почина Дубравка Угрешиќ, хрватска и европска писателка 


Денес, 17 март 2023 година, во 73 година од животот почина Дубравка Угрешиќ, во кругот на пријателите и семејството.  Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за […]

Муртезани му ја предаде функцијата на Рашиди: Го оставам МЕПСО со 22,6 милиони евра добивка


Досегашниот директор на МЕПСО од редовите на Алтернатива, Орхан Муртезани на Фејсбук го објави своето разрешување со информација дека го остава операторот на системот за пренос на електрична енергија со 43 отсто реализирани инвестиции и добивка од 22,6 милиони евра во 2022 година.  Тој му ја предаде функцијата на досегашниот пратеник од Алијанса за Албанците, […]

Принцезата од Велс салутираше како нов почесен полковник на Ирската гарда


Англија– Принцезата од Велс салутираше како нов почесен полковник на Ирската гарда на нивната парада на Денот на Свети Патрик. Таа го започна одбележувањето на празнијкот со посета на касарната Монс во Алдершот заедно со принцот од Велс, каде што имаше неформално предавање како нов почесен полковник. Кејт им подари традиционални гранчиња од детелина на […]

Битиќи: Во земјава се подобрува стандардот на живот, но не можеме да очекуваме за еден ден да го постигнеме стандардот на ЕУ


Подобрувањата и сите чекори кои ги преземаме не носат кон крајната цел – европска Македонија, но очекувањата треба да бидат реални. Креираме можности, но не може да се занемари трендот во цела Европа, па и подалеку, дека луѓето бараат подобри услови за живот на други места, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – […]

Сојузот на средношколци со конкретни предлози за овогодинешната матура


Денешното Генерално собрание на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија ги усвои следниве четири барања по однос на државната матура. Преку ова соопштение, истите детално ќе ги образложиме пред јавноста.   Барање 1: Коефициенти за екстерните испити при упис Моменталниот модел на упис на универзитетите во земјава предвидува оценките од свидетелствата да носат најмногу […]