Меџити не добил покана за митингот на ДУИ во Чаир, вели дека му наликува повеќе на концерт


Изет Меџити кој ја претставува таканаречената „огнена група“ на ДУИ, денеска изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг во салата „Шабан Трстена“. Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, […]

Југоистокот ги презентира потенцијалите за инвестирање пред претставници на дипломатскиот кор


Преку организирање дипломатско-економски караван Југоисточниот плански регион денеска и утре ги презентира можностите за инвестирање и потенцијалите пред економски аташеа и амбасадори на 17 дипломатски претставништва во земјата и од други држави кои ја покриваат нашата земја. Според директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи, дипломатите најмногу се интересирале за инвестирање во одредени […]

Апарати за домаќинство кои трошат најмногу енергија кога не се во употреба


Некои апарати во домаќинството, како што се полначи или конзоли за игри може да донесат дополнителни трошоци кога се приклучени, иако се вон употреба. Следат неколку совети кои може да заштедат пари кога станува збор за сметките за струја. Фрижидер / замрзнувач Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот треба постојано да се вклучени, не е изненадување тоа […]

Шефицата за Европа во Стејт департментот се повлекува од функцијата


  Највисокиот американски дипломат за Европа, Карен Донфрид, ќе се повлече од функцијата за да се фокусира на своето семејство, изјави портпаролот на Стејт департментот на 20 март, информира Ројтерс. 18-месечниот мандат на помошникот секретар Донфрид, која ја презеде улогата во септември 2021 година, беше обележан со најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна […]

Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција по земјотресите


Белгија – Европската комисија ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција. Таа говореше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните […]

Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации во Париз


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО, со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и со Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на овој Институт. -На средбата со Жан-Франсоа […]

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците


Пратеничката група на Алијансата за Албанците денеска го избрала пратеникот Аднан Незири за координатор. Изборот на Незири за координатор доаѓа по назначувањето на претходниот координатор Сурија Рашиди за директор во А.Д. МЕПСО. -Незири ќе ја претставува нашата пратеничка група на координативните состаноци и сите други процеси во Собранието.  Пратеничката група на Алијансата за Албанците ќе […]

Повторно прием и испраќање мали пакети и препорачани пратки за САД


Давателот на универзалната услуга – АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до  два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави. За навремено пристигнување пратки во одредишните земји ширум светот, од националната Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската […]

Ескобар ја исфали Македонија како најуспешен модел за етничките права


  Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска на онлајн брифинг со новинарите од регионот ја пофали улогата на Македонија во постигнувањето на договорот меѓу лидерите на Србија и на Косово и посочи дека, иако не сака да прави аналогија со други историски настани, се надева дека Албин Курти и Александар […]

Врвен израелски министер: „Нема такво нешто“ како палестински народ


  Огнен израелски министер тврдеше дека „нема такво нешто“ како палестински народ, додека новата израелска коалициска влада, нејзината најтврдокорна досега, во понеделникот напредуваше со дел од својот план за ревизија на судството. Коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека го турка клучниот дел од ремонтот – кој ќе ѝ даде контрола на коалицијата за тоа […]

Швајцарија обезбедила 260 милијарди франци за спас на банката Кредит Свис


Швајцарската влада и Централната банка обезбедија 260 милијарди швајцарски франци (280 милијарди долари) како поддршка за банката Кредит Свис (Credit Suisse) и УБС (UBS), покажуваат документите, што е еднакво на една третина од бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија. Банката УБС соопшти дека ќе плати 3,4 милијарди долари за пропаднатата Кредит Свис , а владата […]

Во Битола се „распукаа“ оние што ја делат власта во Општината


  БИТОЛА –  Неочекувано се вжешти политичкиот амбиент во Битола на релација Совет на Општина Битола и градоначалник без да има реална причина за тоа на прв поглед. Во центарот на превирањата се претседателката на општинскиот Совет, Габриела Илиевска, и градоначалникот Тони Коњановски, значи клучните луѓе во политичка Битола. Претседателката на Советот на Општина Битола, […]

Собрание: Платите на собраниските службеници ќе се пресметуваат на нов начин


Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена. За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и […]

Шаќири: Фокусирани сме на дигитализација на услугите кои ги нуди образовниот систем


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел-дискусија посветена на дигитализација на образованието, во рамки на одбележувањето на 20-годишнината на Американски универзитет на Европа – ФОН, истакна дека Министерството за образование и наука во изминатиот период е насочено кон целосна дигитализација на сите процеси во образовниот систем. Посочи дека се дигитализаирани голем дел од […]

Пронајдени човечки коски и облека кај кочанско Оризари


Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил полицијата. Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум. -На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било […]

Замрзнуваат цените на оризот и на јајцата, Владата утре ќе донесе одлука


  Утре на седница на Владата ќе се замрзнат цените на оризот и на јајцата, најави денес на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, Тој додаде дека замрзнатите цени ќе бидат на ниво согласно цените кои биле претходно во текот на овој месец. Со цел да се спречи недостиг на јајца на пазарот, особено во […]

Населението во Италија се намалува со најнизок наталитет


Стапката на наталитет во Италија продолжува да опаѓа, покажуваат податоците објавени денеска од агенцијата за статистика Истат. Според последните податоци, во 2022 година се родени 392.598 деца. Тоа е 7.651 новороденче помалку отколку во 2021 година – и помалку од кој било период од обединувањето на земјата во 19-от век. Вкупното население се намалило за 179.000 луѓе за една година. На крајот на 2022 година, населението на Италија […]

Синдикатите ќе побараат повлекување на законот за плати во јавниот сектор


Во Владата попладнево се одржува седница на Економско-социјалниот совет на која треба да се расправа за Општиот колективен договор за јавен сектор и да започнат првичните разговори за нацрт законот за плати во јавниот сектор, кој за синдикатите е неприфатлив и бараат да биде повлечен. -Општиот колективен договор е предлог на ССМ уште од пред […]

Земјотрес во Романија


Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија. Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси.

Обвинетиот Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“


  Обвинетиот Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“, по што Основниот Кривичен суд Скопје одлучи дека по однос на овој обвинет, постапката ќе се раздвои. Овој процес се води против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.   Обвинетиот Цветен Панделески, од друга страна, пред судот рече дека […]