Шефицата за Европа во Стејт департментот се повлекува од функцијата


Карен Донфрид за време на посетата на Скопје (Фото: Б. Грданоски)

 

Највисокиот американски дипломат за Европа, Карен Донфрид, ќе се повлече од функцијата за да се фокусира на своето семејство, изјави портпаролот на Стејт департментот на 20 март, информира Ројтерс.

18-месечниот мандат на помошникот секретар Донфрид, која ја презеде улогата во септември 2021 година, беше обележан со најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна и американскиот притисок за формирање и зацврстување на обединета западна позиција против Русија.

Таа беше меѓу клучните соработници на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, често патувајќи во Европа за да се сретне со американските партнери додека претседателот Џо Бајден се обидуваше да ги поправи и повторно да ги поттикне трансатлантските врски оштетени од едностраниот пристап на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

„Карен вешто управуваше со нашите односи со многу од нашите најважни сојузници и партнери во време кога агресијата на Кремљ се закануваше со децении на мир и просперитет“, рече Блинкен во изјавата што ја виде Ројтерс пред објавувањето. 

Нејзиниот заменик, Габриел Ескобар, е клучен човек на Вашингтон за регионот на Западен балкан, особено за приоцесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.