Кој беше во Мариупол – Путин или неговиот двојник?


  Владимир Путин викендов отиде во ненадејна посета на окупираните територии на Украина, обновувајќи многу тврдења дека на тоа патување можеби користел двојник. Критичарите укажуваат на еден дел од неговото тело за да ја докажат својата поента – неговите уши. Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, окупираниот украински град што го посети Путин, на […]

Нивото на водата во Охридското Езеро покачено за четири сантиметри, но се уште далеку под просекот


 Благодарение на врнежите дожд изминатите седмица водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината. Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март. Иако изминатата седмица […]

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци


Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично […]

Прехранбените компании нема да враќаат пари за субвенционираната струја, договорот бил џентлменски


Стопанските комори треба да кажат зошто компаниите од прехранбената индустрија не го испочитуваа договорот за субвенционираната струја и не ги намалија цените за најмалку десет отсто како што беше предвидено, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, санкции во однос на ова за компаниите нема, зашто сè било договорено џентлменски. Казни, потенцира Ковачевски, може да […]

Ескобар: Договорот од Охрид е правно обврзувачки, иако не е потпишан


Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако има не е потпишан. На онлајн прес конференција Ескобар истакна дека е потребна голема храброст и визија од српскиот […]

Црна Гора: Како економистот Јаков Милатовиќ стана регионална ѕвезда


  Кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, заедно со актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оди во вториот круг од претседателските избори. Според проценките, Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9. За Милатовиќ сега се зборува во целиот регион, а еве како го претставува „Нова.рс.“ човекот кој ќе му се спротивстави […]

Прилеп сака да се задолжи пет милиони евра преку издавање општински обврзници


Прилеп сака да се задолжи со 5 милиони евра преку издавање општински обврзници. Во големата сала од локалната самоуправа денеска се спроведе јавна расправа на која градските власти понудија четири капитални проекти, три од инфраструктурата и еден за производство на елекрична енергија преку обновливи извори, со поставување фотоволтаици на училиштата. Бранко Нешкоски, раководител на секторот […]

Ампева: Ги отпуштија работниците во пандемијата, сега ќе увезуваат


– Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров во интервју за […]

Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство


Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле […]

Денеска две гласања за недоверба на владата на Макрон поради пензиската реформа


  Француската влада ќе се соочи со две гласања за недоверба во понеделник, поради нејзината контроверзна пензиска реформа. Премиерката Елизабет Борн го искористи уставниот член 49:3 за да го протурка законот без гласање минатата недела. Оттогаш, илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на протест. Барањата за недоверба беа поднесени од центристичките пратеници […]

Во кривичен почна судењето за случајот „Империја“


 Со воведни зборови на обвинителството, во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.   Во овој случај обвинети се Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и Јованчо Тасковски, кои се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и […]

Почнува изградбата на мега-парк во Чаир


Започнува изградбата на мега-паркот во општина Чаир, поточно на улицата „Mакедонскo Косовска бригада“ во населено место Топанско Поле. На настанот ке присуствуваат градоначалникчката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Саид Саиди и на „Паркови и зеленило“ – Скопје Зухејр Реџепи. Изградбата на мега-паркот […]

Ковачевски: Антикорупциска има поддршка од Владата да работи


Доколку за кој било случај на злоупотреба на функција постоеле докази или валидни аргументи дека треба да се процесуираат понатаму, тоа го прави Антикорупциската комисија или надлежните инситуции пред судските и обвинителските органи, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање дали може да очекуваме конкретни мерки за злоупотреби. Тој истакна дека Антикорупциска апсолутно ја […]

Грковска: Образованието е клучен фактор за справување со сите современи предизвици


Општествата треба да ги направиме поагилни за да можат побрзо да се адаптираат на предизвиците што ги носи новото време во смисла на брзиот технолошки развој, дигитализацијата и сајбер безбедноста, а ова претставува голем предизвик и за квалитетот на образованието, особено на високото образование, кое треба да се прилагоди за да може да даде добар […]

Руската офанзива во Донбас го достигна врвот без позначајни резултати


  Широко најавуваната офанзива на руската армија во Украина, која се очекуваше да напредува во Донбас, се приближува до врвната точка без да донесе значајни резултати за Кремљ, пишуваат експертите од Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ). „Пролетната офанзива на руските трупи веројатно се приближува до својата кулминација. Тековните руски офанзиви долж линијата Сватово-Кремена, […]

Њујоршката Комјунити банк го купува мнозинскиот удел во Сигначр банк за 2,7 милијарди долари


  Њујорк Комјунити банк (New York Community Bank) ќе купи мнозински удел во Сигначр банк (Signature Bank) за 2,7 милијарди долари откако првичните зделки пропаднаа. Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC) објави дека Њујоршката Комјунити банк се согласила да купи дел од средствата на Сигначр банк во вредност од 38,4 милијарди долари, што е една […]

Русија отвори истрага против обвинителот од Хаг кој издаде потерница за Путин


  Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка против обвинителот и судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, се наведува на телеграмскиот канал на одделот. Станува збор за обвинителот на МКС, Карим Кан (тој побара налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и правобранителот за правата на децата, Марија Лвова-Белова), како и судиите […]

Белмондо ќе добие мост во Париз


Франција– Мостот во Париз познат по металната конструкција и погледот кон Ајфеловата кула ќе биде преименуван во „Шеталиште на Жан Пол Белмондо“ на почетокот на април во чест на познатиот француски актер кој почина во 2021 година, објавија градските власти. Белмондо, познат по прекарот Бабел, на тој мост снимил сцена од филмот „Страв во градот“ […]

Дачиќ: Србија во Охрид успеа да ги заштити своите национални интереси


Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ“ и додаде дека „Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина, држејќи се до нејзините црвени линии“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ […]