Њујоршката Комјунити банк го купува мнозинскиот удел во Сигначр банк за 2,7 милијарди долари


 

Њујорк Комјунити банк (New York Community Bank) ќе купи мнозински удел во Сигначр банк (Signature Bank) за 2,7 милијарди долари откако првичните зделки пропаднаа. Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC) објави дека Њујоршката Комјунити банк се согласила да купи дел од средствата на Сигначр банк во вредност од 38,4 милијарди долари, што е една третина од вкупната актива, чија вредност се проценува на 110 милијарди долари.

Останатите 60 милијарди долари од имотот на Сигначр банк ќе останат под контрола на американските регулатори додека конечно не бидат продадени, објави FDIC, пренесува Ројтерс.

Банката со седиште на Менхетен пропадна за само 48 часа откако Банката на Силиконската долина поднесе барање за банкрот, втурнувајќи ја берзата во неизвесност.

Откако калифорниската банка пропадна, доверителите станаа загрижени за статусот на Сигначр банк поради нејзиното проширување на пазарот на криптовалути.

Банките проценуваат дека неуспехот на Сигначр банк ќе го чини фондот за осигурување на депозити околу 2,5 милијарди долари.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул се обиде да ги увери граѓаните дека банкарскиот систем на државата е безбеден по колапсот на Сигначр банк минатата недела.