Белмондо ќе добие мост во Париз


Jean-Paul Belmondo (1962)

Франција– Мостот во Париз познат по металната конструкција и погледот кон Ајфеловата кула ќе биде преименуван во „Шеталиште на Жан Пол Белмондо“ на почетокот на април во чест на познатиот француски актер кој почина во 2021 година, објавија градските власти.

Белмондо, познат по прекарот Бабел, на тој мост снимил сцена од филмот „Страв во градот“ во 1975 година на режисерот Анри Верни. Актерот во тој филм го играше полицискиот комесар Летелиер.

Славниот актер се повредил на таа сцена и тоа му била единствената повреда во кариерата, изјавиле градските власти и додале дека местото го избрале заедно со семејството Белмонд, пренесува Бета-Франс прес.

Инаугурацијата ќе се одржи на 9 април, кога актерот ќе наполнеше 90 години.

Жан-Пол Белмондо (1933–2021) се прослави со улоги во филмовите на Новиот бран во 1960-тите, пред да стане акциона ѕвезда во 1970-тите. Негови најпознати филмови се „Професионалец“, „Борсалино“, „До последен здив“ и „Човек од Рио“.

На врвот на неговата кариера, Французинките често го споредуваа Белмондо во однос на неговата убавина со неговиот малку помлад филмски колега Ален Делон.