Гази Баба доделува субвенции за е-тротинети


Објавен е Јавен за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година.   „Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на […]

Инфлацијата во Британија достигна 10,4 отсто во февруари


Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба. Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто […]

Агрон Фазлији повторно избран за претседател на Занаетчиска комора


Занаетчиска комора на Република Северна Македонија (ЗКРСМ) на изборно собрание, повторно го избра Агрон Фазлији за претседател на комората, соопштија денеска од ЗКРСМ. Претседателот Фазлији, во обраќањето пред членовите и претставниците на другите органи на комората, рече дека своето раководство ќе го темели на принципите и вредности на ЗКРСМ и во согласност со мисијата и […]

Италија се расфрла со вода, а ја има се помалку


Италија губи се повеќе вода поради протекување на водоводите, што ја прави земјата сè поранлива на суши, објави Националното биро за статистика ISTAT. Научниците и еколошките здруженија алармираа за италијанскиот недостиг на вода во јануари, откако на Алпите беше забележан остар пад на снежните врнежи и невообичаено ниските плими ги оставија каналите во Венеција суви. […]

Се обновува наградата за превод „Ванѓа Чашуле“


  Наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“, која згасна во 2014 година (а се доделуваше од 1988 година), ќе биде обновена во 2023 година. Ванѓа Чашуле е македонска преведувачка, историчарка и публицистка, учесничка во НОБ и носителка на „Партизанска споменица 1941“. Во нејзина чест, од 1988 до 2014 година, секоја година се доделуваше наградата што […]

Кој е Гевин Бредли, добитник на „Мостови на Струга“ за најдобра збирка од поет-дебитант од светот? 


Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“, е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува Фестивалот, заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот.  Добитниците на наградите беа прогласени вчера, на настан, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар, Друштвото на писатели на […]

Граѓаните на Косово му фрлија торта на заменикот на Курти: Ова е поради вашето прифаќање на ЗСО


Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС) фрлаа чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со официјален Белград, Бесник Бислими. Џемајл Реџа на Твитер објави видео од „нападот по торта“ на кое се гледаат активисти како пред влезот на зграда фрлаат парчиња торта кон Бислими, извикувајќи „честитки за Заедницата на српските општини“. […]

Бесими – Руе: Финансиската поддршка од ЕБОР клучна во повеќе инфраструктурни проекти


Капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси. На денешната средба, информираат од Министерството за финансии, тема на […]

Џо Бајден го одликуваше Брус Спрингстин


САД– Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден […]

ОН: Недостигот на вода може да стане глобален проблем


Недостигот на вода поради нејзината прекумерна потрошувачка и климатските промени може да доведат до глобална криза на водата, предупредија ОН во извештајот објавен синоќа. Околу две милијарди луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни системи, се наведува во извештајот на агенцијата UN-Water и УНЕСКО пред денешното отворање […]

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно


Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука за МИА потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување. Досега вонредно можеше да се заврши средно […]

Најмногу дожд во Скопје – Петровец, најстудено на Шапка


 Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а максимални девет се измерени во Демир Капија. Најмногу дожд, пак, изминатите 24 часа, наврнал во Скопје – Петровец, 21 литар на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија и Дојран, два милиметра на единица површина. До 08:30 часот се измерени еден степен во Лазарополе, 2 во Маврови […]

Четири хороскопски знаци на кој најмногу ќе делува Младата Месечина во Овен: Можеби нема да бидете веќе истата личност, но тоа е добро


Лунарниот циклус е полн со подеми и падови, но секој дел од процесот е важен. Доколку сте еден од хороскопските знаци погодени од Младата Месечина, може да ве очекуваат нови почетоци. Секој почеток може да изгледа застрашувачки, но како и крајот, со себе носи слатки плодови. Ако моментално гледате во долг пат пред вас, знајте […]

Директорот на „Рено“ е убеден: Електричните автомобили се иднината


Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, се осврна на иднината на автомобилската индустрија и рече дека моторите со внатрешно согорување полека заминуваат во историјата. На настанот организиран од списанието „Политико“ во Германија, Де Мео рече дека производителите на автомобили веќе одговориле на плановите на ЕУ да воведе политика за нулта емисија на штетни гасови […]

Невремето продолжува да ја уништува Калифорнија (видео)


Уште еден налет на зимско време од Пацификот денеска ја погоди Калифорнија, која веќе е „уморна“ од невремето. Метеоролозите предупредуваат на удари на ветрови кои ќе достигнат ураганска сила, придружени со силен дожд и обилен планински снег. Dairy farmers in Tulare County move herds to higher ground to escape flooding. STORY: https://t.co/l0XMRyeKVC pic.twitter.com/DKTlngXadz — FOX26 […]

Израелски воени авиони истрелаа ракети врз сирискиот аеродром во Алепо, нема податоци за жртви


Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми. Засега нема извештаи за загинати. Тоа е втор израелски напад на тој сириски аеродром во март. Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, […]

Ѓоковиќ: Штета што не играм на Индијан Велс и Мајами, се надевам на настап на УС Опен


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тоа дека не доби дозвола да учествува на турнирите во Индијан Велс и Мајами. На 22-кратниот победник на Грен слем му беше забранет влезот во САД поради немање сертификат за вакцинација против коронавирус. – Посакувам да можам да играм во Индијан Велс и Мајами. Ги сакам овие турнири. Имав […]

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети


Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.  Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на […]

Најмалку 11 загинати во земјотресот во Авганистан, од кои девет во Пакистан


Најмалку девет лица загинаа, а 44 се повредени во северозападен Пакистан по земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди соседен Авганистан доцна во вторникот, изјави пакистански владин претставник. Најмалку две лица загинаа во Авганистан, соопшти претставник на тамошната агенција за катастрофи. Земјотресот го почувствувале околу 285 милиони луѓе на површина […]

22 март во историјата – Умре Јохан Волфганг Гете


  На 22 март 1832 година во Вајмар умира Јохан Волфганг Гете, најславниот германски поет, писател, драматург и во исто време и фолозоф. Гете умрел од очигледна срцева слабост. Неговите последни зборови, според неговиот лекар Карл Фогел биле Mehr Licht! (Повеќе светлина!), но ова е спорно бидејќи Фогел не бил во собата во моментот кога […]