Том Хенкс главен говорник на завршната свеченост на Харвард


САД– Американскиот актер и двоен оскаровец Том Хенкс е именуван за главен говорник на завршната свеченост по повод дипломирањето на Харвард годинава на 25 мај. – Том не само што е брилијантен глумец, тој има и вродена емпатија и длабоко разбирање за луѓето. Тој придонесе за нашата национална култура и ја зголеми нашата способност да ги […]

Павлова: Реакцијата на американските и швајцарските власти го намали ризикот од поголеми негативни ефекти во банкарскиот сектор


Потпретседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА посочува дека актуелните случувања со банките во Силиконската долина и Швајцарија имале влијанија врз падот на акциите на банките во ЕУ, но, дека реакцијата на американските и на швајцарските власти го намалила ризикот од поголеми негативни ефекти во банкарскиот сектор.  […]

Торлак ја повлече вакцината БСЖ од употреба поради сомневање за нејзиниот квалитет


Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс. Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на […]

„Насоки“ – дела на тројца македонски уметници на изложба во Софија


Во галерија „Мисијата“ на Државен културен институт кон Министерството за надворешни работи на Бугарија во Софија од вчера е отворена меѓународната изложба „Насоки“. Делата од изложбата се настанати во последните 11 години по време на Меѓународната ликовна колонија во Созопол, која секоја година се одржува во првите денови од јуни и е дел од Меѓународниот […]

„Мојот последен здив“ – Буњуел на македонски


Кинотеката на Македонија во среда, на 29 март, во 12 ч. во киносалата ќе го промовира своето најново печатено издание, автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, насловена „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело конечно ќе стане достапно на македонски јазик. Издавањето на книгата е овозможено благодарение на Шпанската агенција за меѓународна соработка […]

Средба на директорот на ЕСМ, Ковачевски со потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова


Енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите три години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија беа претставени на денешната работна средба на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски со потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова. Директорот Ковачевски, посочуваат од ЕСМ, на средбата порача […]

Бугарија конечно реши да го прави патот кон граничниот премин „Клепало“


  Владата во Софија на денешната седница одлучи да го прогласи граничниот премин „Струмјани – Берово“ меѓу Бугарија и Македонија за национален објект со што треба да ја откочи долгогодишниот застој во изградбата на патот од бугарска страна. Таква одлука денеска донесе бугарската влада. „Ова е симболично и го покажува односот на државата кон развојот […]

Оваа комбинација е чудо за имунитет: Лесно се прави, а потребни ви се две намирници


Лесно се прави ферментиран мед со лук, одличен е за зајакнување на имунитетот, но и како додаток на јадења кои ќе му дадат неодолив вкус. Медот и лукот се намирници кои имаат добро познати здравствени придобивки. Непастеризираниот суров мед е полн со антиоксиданси кои го штитат и зајакнуваат имунолошкиот систем, а има и антибактериски и […]

Врховен: Да се објавуваат и неправосилните судски одлуки


Врховниот суд на Република Северна Македонија соопшти дека нивниот начелен став за објавувањето на неправосилни судски одлуки е нотиран во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2022 година, во кој се советуваат пониските судови да ги објавуваат не само правосилните, туку и неправилните судски одлуки, особено во случаите кога се работи за предмети од […]

ОКТА објавува конкурс за изработка на идеен проект за соларен полнач и паркинг за велосипеди


По повод 45-годишен јубилеј на ОКТА, а во рамки на општествено одговорната платформа #ЈасВнимавам, компанијата во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави награден конкурс за изработка на идеен проект за иновативно решение на фотоволтаичен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети. Наградениот проект ќе биде изграден […]

Потпишување грант за пречистителна станица за отпадни води (во живо)


Обраќање на вицепремиерот европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова по повод потпишување Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.  

Автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“ објавена на македонски јазик


Една од најочекуваните книги оваа година, автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“, на […]

МВР и ЗНМ со протокол за безбедност на новинарите на интернет


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките. Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу другото, во МВР е назначено […]

Германски тенкови пристигнуваат во Украина


Командантот на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина е јасен: Германија си стои на зборот и тенковите ќе пристигнат во Украина до крајот на март. Ова, очекува германскиот генерал, треба да ја промени ситуацијата на фронтот, пишува DW. „Германија до крајот на месецот ќе ги испрати во Украина ветените тенкови Леопард и оклопните возила Мардер“, […]

Народна банка повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи, сега е 5,50 проценти


 Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти.  На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така […]

Првпат голема изложба во Кунстхале Виена со дела од колекција на МСУ


Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – […]

ЕУ ќе одвои 600 милијарди евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција


Европската унија ќе одвои 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција, изјави денеска државниот секретар во бугарското Министерство за внатрешни работи Петар Тодоров. Тој рече дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја информирала Владата на Бугарија дека Комисијата одржала состанок за нов стратешки пристап за заштита на надворешната граница […]

ЈП „Колекторски систем“ годинава со 40 милиони денари ќе работи на санација и одржување на системот за заштита на Охридското Езеро


Јавното претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро по повод Светскиот ден на водите објави соопштение за сработеното изминатиот период и плановите за работа за во иднина. Со средствата во износ од 4,2 милиони евра што на претпријатието во 2019 година му беа одделени од Владата започна санацијата на колекторскиот систем изграден пред повеќе […]

Алтернатива тврди дека сменетиот директор Шпенд Тахири го открил тунелот


Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на тунел што бил ископуван  долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на Алтернатива, Шпенд Тахири. Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон […]

Манчини: Италија има три клуба во четвртфиналето на ЛШ, а во нив има 7-8 Италијанци


Селекторот на Италија, Роберто Манчини се пожали на недостиг од италијански играчи во врвните клубови во Серија А. – Ние, во италијанската репрезентација, сме уште полоши од Англичаните. Не знам зошто има толку малку напаѓачи, ние сме крајно ограничени во овој аспект. Три наши екипи стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овие три […]