Германската министерка Аналена Бербок утре во Скопје


  Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, утре ќе биде во Скопје на повеќе разговори каде што главниот фокус ќе биде македонското членство во ЕУ. Бербок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот. Германското Министерство за надворешни […]

Бесими: Сите институции во Владата работат да се најде одржливо системско решение за платите за цел јавен сектор


Законот за платите во јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа, треба да изнајде системско и конзистентно решение за целиот јавен сектор кое ќе биде одржливо за раст на платите и во јавниот сектор како што е и во реалниот сектор, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. -Во моментов […]

Возовите на пругата Скопје-Велес ќе возат со 20 километри на час


Патничкиот воз на реалација Скопје-Велес и Велес-Скопје отсега ќе доцни најмалку 40 минути затоа што машиновозачите добиле забрана да ја зголемат брзината на движење над 20 километри на час, дознава Плусинфо од извори во Македонски железници-Транспорт. Оттаму појасниле дека ваквото ограничување на брзината се случило откако раководството на Македонски железници-Инфраструктура склучило договор со Железници од […]

Како Тито зборува на англиски за време на посетата на Лондон во 1953 (Видео)


  За Јосип Броз Тито се знае многу, но и малку. Приказните за претседателот на Југославија сѐ уште се интересни, па ви пренесуваме мал клип од историјата, снимка од 1953 година. Познатиот филмски магазин „British Pathe“ пред неколку години го објави најголемиот дел од својата архива на Јутјуб. На снимките кои ги бележат сите најзначајни […]

Малолетникот што прати дојава за бомба во училиште обвинет за „тероризам“


Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик, информираат од МВР. […]

Месут Озил стави крај на фудбалската кариера


Турција– Поранешниот репрезентативец на Реал Мадрид и Германија, Месут Озил денеска соопшти дека на 34-годишна возраст ја завршил кариерата. „По внимателно разгледување, најавувам мое итно повлекување од професионалниот фудбал. Имам привилегија да бидам професионален фудбалер скоро 17 години и неверојатно сум благодарен за можноста. Но, во последните недели и месеци претрпев неколку повреди и стануваше […]

Како се зголемуваше референтната каматна стапка на Народна банка


  За само една година референтната каматна стапка на Народната банка се зголеми од 1,25 проценти, колку што изнесуваше во март лани до 5,50 отсто колку што изнесува од денеска. Тоа значи дека во овој временски период зголемувањето е речиси четирикратно или за цели 4,25 процентни поени и тоа влијаеше и врз поскапување на кредитите […]

Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли


Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како […]

Идниот граничен премин „Струмјани – Берово“ прогласен за локација од национално значење


  Идниот граничен премин (ГП) „Струмани – Берово“, кој ќе ги поврзува Бугарија и Република Северна Македонија, е прогласен за објект од национално значење. Ова на брифинг во Министерскиот совет го соопшти в.д министерот за регионален развој и јавни работи Иван Шишков.   „Договорот за изградба на преминот датира од 1999 година, и е во […]

Гир: Цврсто верувам дека приклучувањето кон ЕУ е достижно


  Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека имаат редовни контакти со различни политички партии кои се дел од Владата, но и од опозицијата, образложувајќи дека пристапниот процес за ЕУ мора да биде процес во кој има согласност меѓу сите политички партии. -Секако одржуваме добри контакти со сите партии кои тврдат дека се посветени кон европската […]

Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Бахмут


  Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги посети воените позиции на првата линија во близина на опколениот источен град Бахмут, се вели во соопштението на неговиот кабинет. За време на неговата посета, Зеленски „чул „извештаи за оперативната ситуација и текот на непријателствата на фронтот“, се вели во соопштението. Тој, исто така, беше снимен како се […]

Тренчевска ќе ги пегла разликите со Струмичката епархија околу Законот за родовите права


  Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе закаже состанок со челниците на Струмичката епархија на МПЦ-ОА за да се испеглат разликите околу предлог Законот за родова еднавост. Оваа изјава на министерката доаѓа по неколкудневните препукувања на социјалните мрежи со Викарниот епископ Јаков по одржаната трибина на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија која […]

Арсовска: Почнува постапката за изградба на новиот Луна парк


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека почнува постапката за изградба на новиот Луна парк. – Од претходното раководство беше почнато со изработка на проект, ние како што кажавме, ништо од она што било отпочнато да се прави, нема да го прекинеме. Го прифативме самиот проект. Проектот беше во завршна реализација и беше […]

На последниот повик од Град Скопје, се пријавиле приватни превозници


Откако  пропаднаа два огласи за приватните превозници во Град Скопје, овојпат, има пријавени, потврди скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа не кажа колку приватни превозници се пријавени, но рече дека ќе почекаат до истекот на рокот за да видат колку вкупно апликации ќе има, доколку некој аплицирал по пошта. „Да, тие се пријавија. Ќе го причекаме […]

Том Круз не ја видел ќерка си 10 години, ама редовно плаќа голема алиментација


САД– Сури Круз Холмс, ќерката на актерката Кејти Холмс и филмската мегаѕвезда Том Круз, за ​​еден месец ќе наполни 17 години и со помош на нејзината мајка веќе почнала да испраќа апликации за прием на факултети. Нејзиниот славен татко нема да и помогне во тоа бидејќи „нема врска“ со своето дете, објави Дејли Мејл. Извор […]

„Нијагара“- Тамара Тодевска со новата песна прозборе за радоста и тагата


Нејзината нова песна „Нијагара“, која излегува денеска, ја посветува на сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо и разочарано. Иако е многу емотивна личност и животот ѝ се промени откако минатата година се разведе од сопругот, Тамара Тодевска вели дека кај неа воопшто не е сѐ така црно. И додека наголемо се подготвува да […]

Гвинет Палтроу на суд поради несреќа на скијање од 2016 година


САД– Оскаровката Гвинет Палтроу во вторник ќе мора да се појави пред американскиот суд поради несреќата која се случила на скијање во Јута во 2016 година, јавуваат странските медиуми. Имено, пензионираниот очен лекар Тери Сандерсон тврди дека актерката го удрила во ски-центар во Парк Сити, Јута, возејќи „целосно надвор од контрола“ и дека го удрила, […]

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне


  Денеска се потпиша договор меѓу Македонија и Европската инвестициона банка за 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица во Скопје. Со ова, за пречистителната станица во Скопје обезбедени се повеќе од 200 милиони евра, а таа стои неизградена затоа што Град Скопје, никако не може да избере изведувач и надзор на градежните […]

Министерката Петровска во Врховната сојузничка команда на НАТО во Монс


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО и се сретна со нејзиниот командант, генералот Кристофер Каволи и старешините од нашата Армија позиционирани во оваа команда. -Северна Македонија ќе го продолжи своето активно учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, што е несомнен […]

Кина не сака повеќе гас од Русија, Ши не го потпиша договорот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“


  Помпезно организираната посета на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Москва заврши без клучната одлука што Кремљ ја чека со години. И покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ши „драг пријател“ и зборуваше кинески наздравувајќи во неговото здравје, кинеската делегација не потпиша нов договор за купување руски гас и изградба на гасоводот […]