Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Бахмут
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги посети воените позиции на првата линија во близина на опколениот источен град Бахмут, се вели во соопштението на неговиот кабинет.
За време на неговата посета, Зеленски „чул „извештаи за оперативната ситуација и текот на непријателствата на фронтот“, се вели во соопштението.
Тој, исто така, беше снимен како се среќава со украинските војници и одржа момент на спомен на загинатите во војната.
Зеленски беше цитиран како рекол:
„Чест ми е што сум денеска овде, на истокот на нашата земја, во Донбас, и да ги наградиме нашите херои, да ви се заблагодарам, да се ракуваме. Ви благодариме што ја штитите државата, суверенитетот, истокот на Украина“.