Алтернатива тврди дека сменетиот директор Шпенд Тахири го открил тунелот


Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на тунел што бил ископуван  долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на Алтернатива, Шпенд Тахири. Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот
кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа. За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции, порачаа денес со писмена реакција од оваа партија.

Според Алтернатива, благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Таири биле откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и за внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и последниот обид кој, како што велат, е круна на неговиот успех.

– Ова акција во Идризово се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово. За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да добие поени од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална
совест во институција што можеби е најтешка за менаџирање во државата. За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што е кадар на Алтернатива. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики. Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси, порачуваат од Алтернатива.