Израелски воени авиони истрелаа ракети врз сирискиот аеродром во Алепо, нема податоци за жртви


Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми.

Засега нема извештаи за загинати.

Тоа е втор израелски напад на тој сириски аеродром во март.

Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, најголемиот сириски град и некогаш голем трговски центар, додека летале над Средоземното Море. На тој аеродром пристигнува помош по земјотресот што ја погоди таа земја и соседна Турција. Во земјотресот загинаа повеќе од 50.000 луѓе, вклучително и повеќе од 6.000 во Сирија.