ВМРО-ДПМНЕ го нарече историчарот Петар Тодоров „предавнички клиентелист“
Тешки обвинувања упати опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон членот на Историската комисија од македонска страна, историчарот Петар Тодоров, нарекувајќи го „предавнички клиентелист“. Тодоров беше гостин во вестите на Сител по денешниот тензичен ден по повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, каде тој зборуваше дека политичките партии без исклучок на некој начин го „киднапираат“ Гоце Делчев […]