Американската војска го собори кинескиот балон (Видео)
Американскиот претседател Џо Бајден во саботата рече дека им наредил на официјални лица да го соборат осомничениот кинески шпионски балон претходно оваа недела и дека лидерите на националната безбедност одлучиле дека најдобро време за операцијата е кога тој ќе биде над вода.
„Тие успешно го соборија и јас сакам да ги пофалам нашите авијатичари кои го направија тоа“, рече Бајден откако се со авион се упати кон Кемп Дејвид.
Борбен авион го собори џиновскиот бел балон во близина на брегот на Каролина, откако тој помина чувствителни воени локации низ Северна Америка и стана најновата точка на удар во тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.
Балонот бил соборен со еден проектил истрелан од борбениот ловец „Ф-22“.
Секретарот за одбрана Лојд Остин рече во изјавата дека Бајден го одобрил соборувањето во средата, велејќи дека тоа треба да се направи „штом мисијата може да се исполни без непотребен ризик за американските животи под патеката на балонот“.
Остин рече дека поради големината и надморската височина на балонот, кој се движел на околу 18.000 метри во воздухот, војската утврдила дека неговото соборување над копно би претставувало непотребен ризик за луѓето на земјата.
Moment the #ChineseSpyBalloon was shot down. #Balloon pic.twitter.com/H9skbByLUs
— Michael Steinberg (@MichaelWX18) February 4, 2023