На Деве Баир приведени тројца бугарски државјани, се обиделе да нападнат полицајци


 

На граничниот премин Деве Баир во тензијата која настана откако падна системот за контрола, троја бугарски државјани, како што соопштува полицијата, биле приведени заради дрско и недолично однесување. Во еден момент, тие се обиделе да нападнат и полицајци.

„Околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З. (35), А.Х. (50) и Р.Х. (54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени  и се работи на целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Инаку дефектот е отстранет по неколку часа и бугарските државјани, некаде околу 100, со приватни коли се упатија кон Скопје да му оддадат почит на Гоце Делчев.