Родители со деца не можеле да се симнат од Водно поради силен ветар


Фото: Б. Грданоски

На бројот за итни повици, денеска се јавиле луѓе, кои побарале помош за симнување од врвот на Водно, но и група млади, кои поради силен ветар не можеле да се симнат од Шар Планина.

На телефонски број за итни повици 112, денеска попладне добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кој чекаат да се симнат по жичницата, меѓутоа поради големите ветрови, од страна на вработените на жичницата, не им е дозволено да се симнат со лифтот. Бараале помош за симнување, со напомена дека се известени од страна на вработените на жичницата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде и се наоѓаат луѓето.
За настанатата состојба, ЦУК ги известиле одговорните во Град Скопје и ЈСП Скопје.

По извршените контакти со одговорното лице од ЈСП Жичница, истата беше ставена во функција и луѓето безбедно се симнаа надолу до Средно Водно, соопшти ЦУК.

Град Скопје го известиле Црвениот Крст, а нивни луѓе, кои се наоѓале на лице место, им помогналена луѓето безбедно да се симнат надолу.
Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани.

Во 15.35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски-лифтот Г – СТАЗАТА. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри.

Од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Попова Шапка кои со помош на ратрак околу 16 часот се отидени на местото на настанот и младите лица веднаш се симнати на безбедна локација и истите се во добра здравствена состојба.