СДСМ: Не успеа сценариото на агентите на хаосот – Мицкоски и Апасиев


 

Владејачката СДСМ преку соопштение наведува дека „институциите на системот денеска не дозволија да успее сценариото на оние кои не и мислат добро на земјата и сакаат на било каков начин да создадат тензии,  судири а со тоа да и наштетат… Пропаднаа обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО. Хаосот на којшто работеа не се случи“.

Според партијата, денеска достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев.

„Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Делчев, не дозволи да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ , не дозволи злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот.

Им благодариме на сите граѓани за нивниот придонес, покажаниот разум, свест и чувство за државност, како и на сите надлежни институции, безбедносни служби и партнерски организации“, велат од СДСМ.