Партијата Преродба: Македонски граничари го претепале пратеникот Ангел Георгиев (Видео)


 

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве Баир му се заканувале и го натепале пратеникот на партијата Преродба  Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, пишува партијата во порака до медиумите.

 Како што пишува „24 Часа“, бугарски државјани подолго време биле задржани на граничните пунктови за Северна Македонија. Но, македонските власти долго време не ги пуштаа автомобилите поради проблем со системот.

На почетокот на видеото што го објави Георгиев на Фејсбук, тој покажува автомобили наредени, кои со часови чекаат да ја поминат границата. Подоцна се слуша како маж вика кон граничарите. Тој пред камерата на Георгиев вели дека македонските власти привеле маж од автомобил кој чекал на граница.

„Зошто го внесовте, зошто го правите ова“, им вика човекот на граничарите. И Георгиев бара да се знае што се случува. После тоа започнал судир меѓу македонските граничари и Бугарите.

Пратеникот од Преродба пред две недели стана татко. Од прес-центарот на партијата засега нема информации за неговата состојба.