ЕБУ: Ќе се промени гласањето за Евросонг 2023


Швајцарија– EБУ најави големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, Англија. Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се […]

Париз ја повика Србија и „особено Косово“ да го прифатат предлогот на ЕУ за регистарски таблички


Франција денеска ги повика Србија и Косово да го прифатат предлогот на Европската унија за решавање на спорот за регистарските таблички по неуспехот на преговорите за кои Брисел ја обвини Приштина, пренесе Бета. Франција „ги повикува двете страни, особено Косово, да го прифатат компромисниот предлог формулиран од Европската унија“, се вели во соопштението на портпаролката […]

Наоми Бајден за „Вог“: Свадбата во Белата куќа беше прекрасна и историска


САД– Внуката на претседателот Џо Бајде, Наоми Бајден, е првата внука што се омажила во Белата куќа, и беше 19-тата венчавка одржана на авенијата Пенсилванија 1600 од 1800 година. Свадбата на адвокатката (28) која живее и работи во Вашингтон со колегата адвокат Питер Нил (25) – беше историска и се одржа во саботата во присуство […]

Најголеми мундијалски изненадувања


  Победата на Саудиска Арабија над Аргентина 2-1 во воведното коло од групата Ц на Светското првенство во Катар несомнено е меѓу најголемите мундијалски изненадувања во историјата и може да се спореди со триумфот на Северна Кореја над Италија или победата на САД против Англија. Аргентина допатува во Доха како еден од главните фаворити за светската титула […]

Фотелјата на Виктор Димовски причина за отворањето на случајот Онишченко


  Документ со потпис на началникот Јовче Ременски, кој што е дел од досието за државјанството на Олександр Онишечнко и е класифициран како доверлива информација се појави на Фејсбук. На документот стои дека лани на крајот на ноември, Секторот за спротивставување на тероризам и насилен екстремизам на АНБ до Одделот за безбедносни проверки и НАТО […]

Катар и Кина се договорија за испорака на течен гас до средината на векот


  Катарскиот производител на гас „Катар енерџи“ потпиша 27-годишен договор за набавка на течен гас со кинеската „Синопек“ , нагласувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот. Трката за ЛНГ се засили од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, а побарувачката ја предводи Европа, која се обидува да го […]

Ковачевски: Албанскиот е мој братски јазик


 Чинот на уважување и почитување на јазиците покажува еден европски, цивилизиран и напреден начин на функционирање во светот. Aлбанскиот јазик не е мој мајчин јазик, но албанскиот јазик е мој братски јазик, истакна премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на азбуката на албански јазик. – Тука сме […]

Во Србија предлагаат новинарите да добијат статус на службено лице и бенефициран стаж


Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран работен стаж, јави Бета. „Со донесување законски прописи што ќе ги назначат новинарите како функционери на оваа држава, ќе има правна основа дека нападот врз новинари е напад […]

Северина нѐ „поздрави“ од Блискиот Исток: Од плажа до пустина (фото)


По изведувањето на низа концерти и ангажмани оваа есен, регионалната поп-ѕвезда Северина замина на заслужен одмор. Таа изминатава недела уживаше во Јордан, а по посетата на античкиот град Џераш, на социјалните мрежи сподели возбудливи моменти од пустината Вади Рум. Во познатата пустина, позната и како Долината на сонцето, беа снимени голем број легендарни филмови, меѓу […]

Кристофер Хил: Ангажманот на Вучиќ околу табличките е „конструктивен“


  Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека имал многу добар разговор со претседателот Александар Вучиќ за разговорите меѓу Белград и Приштина што се одржаа во понеделник во Брисел. Хил го пофали „конструктивниот ангажман на Вучиќ“, изразувајќи надеж дека ќе се најде решение за проблемот со регистарските таблички на Косово. „Имав многу добар разговор […]

СП2022: Данска и Тунис ремизираа без голови


ОАЕ – Данска и Тунис го одиграа попладнево првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар, ремизирајќи (0-0) на „Едјукејшн сити стадион“ во Ал Рајан во рамки на групата Д Првото коло во групата Д ќе се комплетира вечерва со дуелот меѓу актуелниот светски првак Франција и Австралија со почеток во 20 часот. Претходно од 17 часот ќе играат Мексико и Полска […]

Министерот Спасовски во работна посета на МВР на  Австрија


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре ќе предводи делегација на МВР на работен престој во Австрија. Од МВР најавија дека министерот Спасовски денеска ќе оствари средба со претставници на здружението Црковна општина „Св. Наум Охридски“. Спасовски утре ќе го посети австриското Министерство за внатрешни работи, при што ќе оствари билатерална средба со […]

Клинички центар го стави во мирување најавениот протест, имаат понуда од Владата


Самостојниот синдикат на Клинички центар (ССКЦ) денеска постигна договор со Владата, со што утрешниот најавен протест се става во мирување, потврди во изјава за МИА, потпретседателот на ССКЦ Предраг Серафимовски, нагласувајќи дека владината понуда е во согласност со нивните барања и поради тоа е донесена одлука да не протестираат. – Денеска одржавме состанок со претседателите […]

Деспотовски: Со нов паметен пристап Западен Балкан може да стане еден од главните глобални региони за СДИ


  Тоа што имаме заедничко минато, се разбираме меѓу себе и имаме заедничка култура и традиција е она што го прави овој регион различен од другите и тоа е нашата предност. Регион со пазар од над 20 милиони е поатрактивен за инвеститорите, отколку ако настапуваме посебно како конкуренти. Така заедно може да станеме една од […]

ОЕЦД прогнозира скромен раст на светската економија оваа и следната година


  Светската економија, попречена од високите каматни стапки, инфлацијата и руската војна против Украина, ќе постигне скромен раст оваа година, а уште послаб раст во 2023 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Според новата прогноза на ОЕЦД објавена денеска, светската економија годинава ќе порасне за само 3,1 отсто, што е остар пад од 5,9 отсто во 2021 година. Според […]

Поевтинува мазутот


Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари […]

Рускиот „генерал Армагедон“ под притисок да покаже резултат во војната


  Водечките руски воени јастреби ја поддржаа понижувачката одлука на силите на Москва да се повлечат овој месец од украинскиот град Херсон, но командантот кој го поддржа потегот сега е под зголемен притисок да докаже дека тој потег бил вистински. Сергеј Суровикин, наречен „генерал Армагедон“ од руските медиуми поради неговата репутација како безмилосен воен лидер, […]

ЕСМ: Најдоцна до утре до 14 часот правните субјекти да аплицираат за повластено користење струја


АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ ги повикува сите правни субјекти опфатени со одлуката на Владата за субвенционирано снабдување со електрична енергија, кои ги исполнуваат условите, најдоцна до утре до 14:00 часот да се пријават за снабдување со електрична енергија од 1 декември годинава. -Доколку не биде испочитуван рокот или пријавата се направи со некомплетни документи, […]

Една година од гангстерскиот живот на Александар Онишченко


  Садизам, тепање стари лица, грабежи и 8 месеци во истражен затвор. Ова е една година од животот на Александар Онишченко според истражувањето на украинскиот медиум PolitekA, за времето која украинскиот олигарх имал само 22 години и „спектакуларно“ ја почнал кариерата. Во текстот објавен во 2018 година стои: „Олександр Онишченко, познат и како Сашка Кадиров, […]

Скопскиот регион во БДП учествува со 43,9 проценти, Североисточниот со 4,9 проценти


 Минатата година најголемо учество во бруто-домашниот производ на Северна Македонија има Скопскиот регион со 43,9 проценти, додека најмало учество има Североисточниот регион со 4,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 132.9, Југоисточниот регион со индекс 107.5, […]