Крводарителска акција за патронатот на ООУ ,,Лазо Ангеловски” – собрани 33 единици крв


Под мотото ,,Кој ќе спаси еден живот, го спасил целиот свет” во понеделникот, во просториите на основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа акција за дарување крв. -Во акцијата учествуваат вработените во училиштето, родителите и жителите од најблиската локална средина, а факт што особено радува е големиот одзив на сите акции од хуманитарен карактер. Преку хуманост […]

Брус Спрингстин размислува за турнеите низ Европа и САД, а не за пензија


САД – Брус Спрингстин смета дека продажбата на неговиот музички каталог и правата за издавање – на „Сони“ лани, за 500 милиони долари било во вистинско време, но сè уште нема намера да се пензионира. – Продажбата од минатата година има смисла, бидејќи знам дека мојот труд така ќе биде сочуван… Случајно наидов на најсреќната работа […]

Груби сака да го смени цел Устав


Првиот вицепремиер Артан Груби  во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека треба да се отвори сеопфатна дебата за надминување на повеќе недостатоци  во Уставот при неговото идно отворање. Според него, треба да се помести цензусот за референдумот, да се размисли и за недоразбирањата околу конституирање на Собранието, да се тргне терминот „20 отсто“, како и […]

Во Киев продолжи снабдувањето со вода и електрична енергија


Снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ Киев по руските напади кои предизвикаа големи прекини, изјави денеска градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.   „Снабдувањето со вода и електрична енергија е целосно обновено“, напиша Кличков на Телеграм.   Руското Министерство за одбрана претходно ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на […]

Владата забрани, а општините продолжуваат да формираат претпријатија за улично осветлување


  Општина Аеродром формираше јавно претпријатие кое има обврска да го менаџира уличното осветлување, а Владата пред два дена донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување. Ваквата одлука, велат […]

Карпов хоспитализиран со повреда на главата


Русија – Поранешниот шаховски светски првак, Анатолиј Карпов се здобил со повреда на главата по пад во влезот од својот дом. Неговата сопруга за руските медиуми соопшти дека Карпов се здобил со повреда на главата и е во болница во Москва. – Во саботата го напуштивме влезот со него. Се лизна и падна. Кога стана, куцаше. […]

“Најсреќниот човек на светот“ со три награди на фестивал во Порторож


“Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, Словенија освои три награди. Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда ВЕСНА за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар словенечки филм со исклучок од страна на жирито “Најсреќниот човек на светот“ доби […]

Директорот на протоколот во МНР поднел оставка по гафот со словачкото знаме


  Директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје. За ова синоќа информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додаде дека тој ја прифатил оставката. Гафот се случи пред десетина дена кога […]

Јужнокорејскиот МВР се извини за трагедијата во Сеул


 Јужнокорејскиот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин денеска се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата. – Би сакал искрено да ѝ се извинам на јавноста за несреќата, како министер задолжен за безбедноста на луѓето, рече министерот во парламентот по што ја наведна […]

Парламентарни избори во Данска


Данците денеска гласаат на парламентарни избори со неизвесен исход бидејќи опстанокот на социјалдемократската премиерка во заминување Мете Фредериксен, која се соочува со коалиција на десницата и екстремната десница, може да зависи од помала центристичка партија. Избирачките места се отворени од 08:00 до 20:00 часот, додека првите резултати се очекуваат околу 21:30 часот, пренесе Бета. Според последните анкети, блокот на премиерката би можел да […]

Парламентарни избори во Израел


 Израелците денеска гласаат на петтите парламентарни избори за помалку од четири години. Повеќето од над 12.000 избирачки места низ Израел беа отворени во седум часот по локално време, а ќе се затворат во 22 часот. На овие избори речиси 6,8 милиони Израелци со право на глас може да избираат меѓу 39 партии за 25-от состав на Кнесетот. Осумпартиската „Влада на […]

Дали исходот од изборите во САД ќе ја загрози поддршката за Украина?


Дали резултатот од ноемвриските среднорочни избори во САД може да ги доведе Американците до промена на ставот кон Украина? Тоа е прашањето на кое моментално се обидуваат да одговорат многу аналитичари од двете страни на Атлантикот, имајќи предвид што може да се очекува по изборите на 8 ноември. Според анкетите, најверојатно републиканците ќе ја вратат […]

Милијардер се откажа од руското државјанство поради конфликтот во Украина


Русија- Милијардерот Олег Тинков, основач на онлајн банката Тинкоф, изјави дека се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина. „Донесов одлука да се одречам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзуван со фашистичка земја што започна војна со нејзиниот мирен сосед и што секојдневно убива невини луѓе“, напиша Тинков на Инстаграм. Милијардерот изрази […]

Национална вежба за подготвеност на институциите во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани


Дирекцијата за радијациона сигурност од денеска до 3 ноември со почеток во 9 часот во просториите на Клубот на пратеници во Скопје организира национална вежба со цел проверка на подготвеноста на институциите во земјата за одговор во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани со користење на Софтверот за поддршка – JRODOS. Како што информираат […]

Mинистерот за надворешни работи на Казахстан во официјална посета на Скопје


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што информираат од МНР, во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка […]

Министерот Нуредини и амбасадорката Улман на увид во депонијата Русино


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и градоначалниците од деветте општини од Полошкиот плански регион денеска ќе ја посетат депонијата Русино при што ќе извршат увид во напредокот на активностите. Како што е најавено, на теренската посета ќе присуствува в.д. директорот на регионалното комунално претпријатије Бесим Догани […]

Во Косово стапува во сила одлуката за замена на српските со косовски таблички


Косово – Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на Курти, од денеска […]

Стипендии за студенти по повод Националниот ден на осигурувањето


По повод Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје денеска ќе биде склучен трипартитен Меморандум за соработка со кој прв пат осигурителни компании ќе доделат девет стипендии на студенти во вредност од по 1.000 евра. Во рамки на настанот ќе се одржат и две панел дискусии на актуелни […]

Сончево и релативно топло


Претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени. До четврток ќе се задржи претежно сончево […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 1 ноември 2022 година, 304-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 61 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 10 часа и 21 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее […]