Стипендии за студенти по повод Националниот ден на осигурувањето


Фото: Б. Грданоски

По повод Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје денеска ќе биде склучен трипартитен Меморандум за соработка со кој прв пат осигурителни компании ќе доделат девет стипендии на студенти во вредност од по 1.000 евра.

Во рамки на настанот ќе се одржат и две панел дискусии на актуелни теми од областа на осигурувањето, а Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе додели и награда на млад истражувач за најдобар труд од областа на осигурувањето.

На дебатите ќе учествуваат проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет, проф.д-р. Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на АСО и Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружение на финансиски организации и директор на „Триглав осигурување“,