Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму


Драматично до последниот свиреж на судиите вечерва беше на натпреварите Аргентина – Полска и Мексико – Саудиска Арабија во рамки на последното коло во групната фаза на Групата Ц на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Аргентина доминираше против Полска и го освои првото место во групата Ц, но двете селекции одат во осминафиналето. Фудбалерите на […]

Ковачевски: Најважно беше финансиски да ги заштитиме најзагрозените граѓани од кризата


  За мене беше најважно да ги заштитиме финансиски најзагрозените граѓани, пензионерите со мали пензии, самохраните родители, социјалните случаи, другите ранливи категории граѓани, а од друга страна да се заштити и достоинството на работниците. Тоа е основата на социјалдемократијата која Куманово многу добро ја познава, порача вечерва претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Силно […]

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, па ЕК ја повлече нејзината изјава


  Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во денешниот говор рече дека се проценува дека загинале околу 100.000 припадници на украинската армија и 20.000 цивили. Украинците досега избегнуваа да даваат прецизни бројки за сопствените загуби, тврдејќи дека тие бројки ќе и дадат предност на Русија. Европската Комисија подоцна се извини и додаде дека […]

Градот и превозниците никако да се договорат, во петок нови протести


Протестот на приватните превозници до утре е во мирување, а за потоа најавија  масовен протест на скопските улици, кога, како што велат ќе ги блокираат крстосниците со 200 автобуси. Дека тоа ќе значи колапс на сообраќајот во градот, нема сомнение, ако се знае дека пред два дена блокираа само една крстосница, онаа кај „Мавровка“ со […]

Откриен лек што го забавува развојот на Алцхајмерова болест


После многу неуспешни обиди, дошло до големо откритие на лекувањето на Алцхајмерова болест, најчестата форма на деменција. Научниците откриле лек кој го забавува когнитивниот пад кај пациентите со Алцхајмерова болест, а тоа е експерименталниот лек „Lecanemab“, пренесува „The Guardian“. Неговата ефикасност е сè уште мала, но се дискутира за неговото влијание врз квалитетот на секојдневниот […]

Стадионот на Шкупи суспендиран на 6 натпревари поради инцидентите со Шкендија


Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес му изрече на актуелниот шампион Шкупи забрана да биде домаќин на својот стадион во Чаир на шест натпревари поради инцидентите кои навивачите ги предизвикаа при гостувањето на Шкендија во четвртфиналето од националниот куп. Шкупи во следните пет натпревари ќе биде домаќин надвор од Скопје, најмалку 100 […]

Нов рекреативен парк на местото на дивата депонија во село Драчево


По повеќе од три децении, дивата депонија во местото викано Оксиген ќе стане огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2, соопшти денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. – Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на […]

САД: Хаким Џефрис избран за лидер на демократите во Конгресот


  Демократите во Претставничкиот дом за свој лидер го избраа конгресменот Хаким Џефрис – првиот црнец кој предводи една од двете големи партии во Конгресот, што го симболизира доаѓањето на новата генерација лидери, додека долгогодишната спикерка Ненси Пелоси и нејзиниот тим се повлекуваат од лидерските позиции во јануари.   Демонстрирајќи необично партиско единство, демократите во […]

Од утре треба да почне поевтинувањето прехранбените производи, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија. Бектеши вечерва на гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека од утре производителите на прехранбени производи ќе треба […]

Иран: Го славел поразот на фудбалерите, го убила полицијата (Видео)


  Еден човек бил убиен од безбедносните сили во северен Иран, додека антивладините демонстранти јавно ја прославувале елиминацијата на фудбалската репрезентација од Светското првенство. Активистите рекоа дека Мехран Самак бил застрелан во главата откако во вторникот вечерта свирел со својот автомобил во Бандар Анзали. Видеата од другите градови покажаа групи кои навиваат и танцуваат на […]

Малолетник нападнат во близина на трговски центар во Аерородром


Скопјанка на возраст од 43-години пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат. Имено, според соопштението на МВР, скопјанката случајот го пријавила вчера во Полициската станица Аеродром. Пријавила оти на 16.11.2022 околу 20.45 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром – Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се […]

Пожар во продажен објект во Скопје


Вчера (29.11.2022) во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Киро Глигоров“, при што бил опожарен предниот дел од објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Во изминатите 24 часа девет лица го загубија животот во пожари во станови низ Украина


 Украинските власти денеска соопштија дека во изминатите 24 часа девет лица загинале во пожари при обид да ги загреат своите станови, а притоа ги  прекршиле безбедносните правила. Во официјалното соопштение се наведува дека бројот на пожари се зголемува бидејќи, поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, […]

Хакерски напад врз сајтот на Ватикан


Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква. -Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали. Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва […]

Штрајк на вработените во брзата помош во Англија и Велс


Повеќе од 10.000 вработени во службата за брза помош низ Англија и Велс одлучија да штрајкуваат поради спор околу платите и работните услови, соопшти денеска директоратот на синдикатот ГМБ. Британската Национална здравствена служба (НХС) се подготвува за бран штрајкови без преседан. Како што е најавено, околу 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат од 15 и 20 […]

Холандија ќе гради две нови нуклеарни централи


 Холандската влада планира да изгради две нуклеарни централи во провинцијата Зелант на југозападот од земјата, чија изградба треба да заврши во следните десет години, изјавија владини извори за РТЛ и НОС. Нуклеарните централи се планира да се градат во селото Борсел, каде веќе има една нуклеарна централа, соопшти страницата „Дач Њуз“. Изворите наведуваат дека селото […]

Си-Eн-Eн најави отпуштања на вработените


Крист Лихт, шефот на Си-Eн-Eн, кој е во сопственост на Ворнер Брос, денеска преку допис ги информирал вработените дека во тек се отпуштања. Лихт рече дека Си-Eн-Eн за тоа денеска ќе извести мал број луѓе, главно некои од своите платени соработници. За други детали вработените ќе ги информира утре попладне. „Знам дека овие промени влијаат […]

Тунис го совлада светскиот првак, но остана со куси ракави, во осминафиналето Франција и Австралија


Франција и Австралија се во осминафиналето на Мундијалот. Франција оди во нокаут фаза како прва, Австралија како втора во групата. Австралија во клучниот меч ја победи Данска со 1:0, додека Тунис направи сензација бидејќи ја победи Франција, но тоа не беше доволно. Голот за Тунис на последниот натпревар во групната фаза против Франција го постигна […]

Пеле итно хоспитализиран во болница


Бразил- Поранешниот бразилски фудбалер и легенда, Пеле повторно е во болница во Сао Паоло откако неговата здравствена состојба се влошила. Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а овој пат ситуацијата дополнително се искомплицирала кога на 82-годишниот Бразилец му се појавил оток по телото. Третманот кој го користи Пеле во изминатите месец не дал […]

НАТО ги смирува соседите на Русија кои се плашат од нестабилност


Романија – Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата денеска се обидоа да ги смират соседите на Русија, кои се загрижени дека Москва може да ги дестабилизира со војната во Украина предизвикувајќи енергетска нестабилност и инфлација. На вториот ден од министерскиот состанок во Букурешт, фокусот денеска е ставен на Западен Балкан, особено на Босна и […]