Ѓоковиќ ја отвора новата сезона со настап на турнирот во Аделаида 


Србија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе ја почне на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида од 2 до 8 јануари, кој вообичаено им служи на играчите како подготовка за грен – слем турнирот во Мелбурн подоцна истиот месец.  Ѓоковиќ, кој сезоната ја заврши со освојување на АТП завршниот турнир во Торино и во моментов […]

Властите во Кина најавија олеснување на корона мерките во Гуангжу и Чонгкинг


  Кинеските градови Гуангжу и Чонгкинг денеска најавија олеснување на ограничувањата за коронавирусот, еден ден по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу.   Локалните власти во Чонгкинг донесоа одлука да дозволат контакт со луѓе позитивни на корона вирусот, но под одредени услови кои вклучуваат домашен карантин.   Градот Гуангжу, кој се наоѓа недалеку од […]

Блинкен: Русија варварски војува против цивилите во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Букурешт остро ги осуди руските напади врз цивилите и електричната мрежа во Украина и најави продолжување на силната поддршка на НАТО за таа земја. На крајот од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Блинкен изјави пред новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин „води […]

Европската централна банка би можела да ја заврши годината со загуба


  Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди дека може да ја затвори годината со загуба, бидејќи со зголемувањето на каматните стапки за да се ограничи инфлацијата, ги зголеми и сопствените обврски кон комерцијалните банки. Во годините на слаб економски раст и ниска инфлација, ЕЦБ ги намали каматните стапки, на банките им понуди поволни заеми и купуваше […]

Советниците во Град Скопје ја чекаат Арсовска да го предложи буџетот


  Како ќе заврши приказната за буџетот на Град Скопје за 2023 година сѐ уште е нејасно, иако е тешко да се поверува дека тој не би бил усвоен, затоа што тогаш ќе треба да се оди на нови избори за советници. Но не е за градоначалник на Скопје, туку само за Советот. Градоначалничката Данела […]

Официјална Анкара: Шведска и Финска мора да направат повеќе за да влезат во НАТО


Официјална Анкера верува дека Шведска и Финска презеле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, што беше услов поставен од Турција за поддршка на нивниот влез во НАТО, но дека треба да направат повеќе за да ги исполнат барањата на Анкара, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу. – Новата влада во Шведска е порешителна […]

СП2022: ФИФА ја повлече забраната за обележја во боите на виножито 


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека обележјата во бои на виножито и транспаренти со пораки за поддршка на протестите во Иран ќе бидат дозволени на стадионите на кои се игра Мундијалот во Катар, ден откако репрезентациите на Велс и Иран се елиминирани од завршниот турнир.  Обезбедувањето на стадионите претходните денови заплени обележја во […]

Потпишан договор помеѓу АД ЕСМ и „Скопје Север“, продолжува греењето во општините Чаир и Бутел


АД ЕСМ и АД „Скопје Север“ денеска потпишаа договор кој овозмоува да продолжи греењето во општините Чаир и Бутел, соопштија од ЕСМ. Во соопштението до медиумите се посочува дека АД ЕСМ го платило природниот гас наменет за АД „Скопје Север“ за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутер од утре наутро повторно […]

Боб Дилан се извини за скандалот околу автоматските потпишани ексклузивни изданија од неговата нова книга


САД- Боб Дилан се извини за погрешната процена, како што рече, откога се покажа дека користел „автопен“, односно машина за автоматска репродукција на потписи, на ексклузивните примероци од неговата нова книга, а кои биле рекламирани како рачно потпишани. Фановите што платија по 599 долари за едeн од 900. примероци од книгата на музичката легенда со […]

Прв ден комисиска амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година во рамките на која треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на досегашната расправа не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата со кој се бараше намалување на данок на […]

Застрашувачко: Првенец на генерација изложен на булинг во училиштето во Градско


Во два наврати, двајца деветтоодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребатини на телото. Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и […]

„Медена земја“ е израз на гордата култура на една мала земја: Штајнмаер со Атиџе разменија тегли мед


Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денес по посетата на Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество, престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Атиџе Муратова и екипата  на „Медена земја“  и проследија инсерти од филмот „Медена Земја“. […]

ССМ: Сметката на Водовод блокирана, вработените под постојан притисок од в.д. директорот


Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје алармираат дека се под постојан притисок од в.д директорот Марјанче Митовски кој кулминира со последното писмо кое го испратил до сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје со кое се става над Управниот одбор во претпријатието и упатува порака до вработените дека не смеат да ги почитуваат […]

Алијанса: Што се виновни нашите деца за да учат без греење?


Алијансата за Албанците реагира на фактот дека поголемиот дел од училиштата со албанско мнозинство во Скопје, поточно во општините Бутел и Чаир се без греење.   -Честопати се прашуваме зошто експериментите се секогаш во овој дел на градот? Се наоѓаме во енергетска криза и се бараат модалитети за да се реши ова прашање. Прашањето што мора […]

Нови ЕУ правила против непотребни пакувања и за повеќе рециклажа


Европската комисија го презентираше својот предлог за нови правила во цела ЕУ за да се намалат пакувањата кои создаваат непотребен отпад. Со новите правила кои ги предлага Европската комисија целта е да се олеснат информациите кои ги добиваат потрошувачите и индустријата во однос на биоразгрдлива пластика, а се воведува и нова ЕУ рамка за сертификација […]

Лидерите на нападот на Капитол прогласени за виновни за заговор, ги чека казна до 20 години затвор


  Основачот на американската радикална група „Чувари на заклетвата“ (Oath Keepers), Стјуарт Роудс, беше осуден во вторникот за бунтовнички заговор за насилен обид за поништување на изборот на претседателот Џо Бајден, со што на Министерството за правда му донесе голема победа во неговото масовно гонење на бунтот на 6 јануари 2021 година. Поротата во Вашингтон […]

ЕСМ Продажба: Ние не одлучуваме за прифаќање на броилата


АД ЕСМ не одлучува кои броила ќе бидат одобрени за приклучување за снабдување преку ЕСМ Продажба од 1 декември 2022 година. Наведената обврска е во рамките на правниот субјект во рамките на ЕВН кој ја врши дистрибуцијата, и одобрувањето и прифаќањето се врши согласно правилата на работа на наведеното правно лице, се вели во денешното […]

Писмо-бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид


  Шпанската полиција соопшти дека во украинската амбасада во Мадрид дошло до експлозија, јави Ројтерс. 🔴 Se ha registrado la explosión de un artefacto en la embajada de Ucrania en Madrid. Un empleado ha resultado herido leve cuando manipulaba un sobre. ⭕ En DIRECTO en el #Canal24Horas 🔸 https://t.co/0Ix6dDasm5 pic.twitter.com/BkBqaww09F — RTVE Noticias (@rtvenoticias) November […]

Она што го тврди Црвенковска, да го пријави во институциите, порача Тупанчески


Добро ќе биде она што го тврди поранешната претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, да го пријави до институциите, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, коментирајќи изјавата што таа ја даде поднесувањето оставка од функцијата за наводната хајка од страна на „судската-бизнис елита“. – Црвенковска поднесе оставка, меѓутоа со нејзината оставка имаше коментар кој […]

Бочварски: Повеќе можности за патување со железницата со отворањето на пазарот


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најавува дека ќе продолжи поддршката од државата за Железници на РСМ Транспорт за одржување на патничките линии  и опстојување на претпријатието во услови на криза. Најавува дека повеќе можности за патување на граѓаните со овој вид транспорт ќе се овозможат со процесот на либерализација со кој на […]