Пожар во продажен објект во Скопје


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Вчера (29.11.2022) во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Киро Глигоров“, при што бил опожарен предниот дел од објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.