Три товарни бродови со жито на пат кон хуманитарниот коридор во Црното Море


 Три товарни брода натоварени со жито денеска ги напуштија украинските пристаништа и се упатија кон хуманитарниот коридор во Црното Море, соопшти Заедничкиот координативен центар во Истанбул. – Движењето на овие три брода е одобрено од украинската, турската и делегацијата на ОН. Руската делегација беше информирана, соопшти центарот кој го надгледува извозот на украинско жито според договорот постигнат […]

На Машинскиот факултет при УКИМ отворен Саем за пракса и вработување


Вчера, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го отвори Саемот за пракса и вработување. Во лобито на Машински факултет се поставени штандови на вкупно 24 добро познати компании кои веднаш го привлекоа вниманието на идните инженери од Машинскиот факултет, но и останатите студенти од инженерскиот кампус. „Соработката меѓу индустријата и факултетите […]

Тимчо Муцунски вели дека министри финансирале проруски медиуми


  ВМРО-ДПМНЕ ќе го брани НАТО од Македонија. Во наизглед неверојатен пресврт градоначалникот на Аеродром и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска изјави дека одредени министри и безбедносни структури во Македонија финансирале проруски медиуми во земјава. „Постои едно сомнение коешто доаѓа и надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури […]

Славни фаци на јубилејниот роденден на „Бекстејџ“ – 15 години македонска естрада (фото)


Со голема забава за многу домашни и регионални гости и црвен ќилим, ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“, на ТВ Телма, синоќа го прослави 15. роденден во Скопје. По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и пијачки, беа доделени награди во повеќе категории: Лила Филиповска е водител на годината, ДНК ја земаа наградата за група на годината,награда […]

Бронзени медали за кумановските гимнастичари на државното првенство


Гимнастичарите од кумановскиот клуб Атлета освоија бронза на државно првенство во Битола во поединечна конкуренција, соопштија денеска од клубот. – Во силна конкуренција на преку 150 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија три бронзени медали во поединечна конкуренција. Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција, […]

Спасовски не бил запознаен со набавката на софтверот за МВР


 Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на сведочењето на денешното рочиште за случајот против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер за МВР, изјави дека додека бил технички премиер во 2020 година, не бил запознаен со набавката на софтверот за биометриска […]

Работна конференција за македонско-бугарската регионална соработка во Струмица и Петрич


Експерти, научници, уметници, дипломати, бизнисмени, консултанти, претставници на невладиниот сектор и новинари од Северна Македонија и Бугарија учествуваат на дводневната конференција што во организација на амбасадите на Чешка во Скопје и Софија, се одржува во Струмица и во бугарскиот град Петрич. Како што јави дописникот на МИА од Софија, учесниците на конференцијата, иницирана од чешкото […]

Муртезани: Блокирани се сметките на сите фирми кои му должат на МЕПСО, нивните приливи се слеваат кај нас


 Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани. Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на […]

Избори во Данска: Нема да има влада без поддршка на поранешниот премиер Расмусен


  Социјалдемократите на Мете Фредериксен се на пат да победат на општите избори во Данска, но дали тие ќе останат во владата – и дали таа ќе ја задржи функцијата премиер – може да зависи од новата партија предводена од еден од нејзините претходници. Фредериксен беше принудена да ги распише изборите кога левичарската партија што […]

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија


Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над […]

Ковачевски: Справувањето со енергетската криза не се прави преку дуел, туку преку работа и соработка


Дуел или дебата со кого било во државата, вклучително и со претседателот на една од опозициските партии ќе се случи, но справувањето со енергетската и економската криза не се прави преку дуел или политичка дебата, туку преку работа и соработка, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод реализацијата на […]

Нова опрема во АД МЕПСО – почнува дигитализација на преносната мрежа


Брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови, ќе овозможи најновата телекомуникациска опрема на АД МЕПСО што од денеска ќе биде ставена во функција. Со ова современо решение, како што беше речено на […]

Левица прати писмо до ЕУ за клубовите со имиња на фашистички соработници


Левица испрати отворено писмо до институциите на ЕУ со кое бара да престане трендот на отворање клубови кои носат имиња на фашистички дејци, со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот во нивните современи облици. „Имајќи ги во предвид резолуциите на ОН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и […]

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири


Одобрено е обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, соопшти Основниот кривичен суд.   – Советот за оценка на обвинителан акт, постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција  против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите


  „Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред […]

Приведени криумчари, пронајдени 16 лица мигранти од Индија


 На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, синоќа во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од скопското село Инџиково. При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., […]

Катапултирана добивката на „Бритиш петролеум“


Петрохемискиот гигант „Бритиш петролеум“ објави подобра од очекуваната добивка во третиот квартал. Британската енергетска компанија објави основна добивка пред заменски трошоци, користена како показател за нето добивката, од 8,2 милијарди долари во трите месеци до крајот на септември, што е голем пораст од нето добивката од 3,3 милијарди долари во истиот период од претходната година […]

Зошто Хајди Клум е кралица на маските?


САД- Иако другите славни личности од Холивуд имаат добри маски, секоја година за Ноќта на вештерките,  најочекуваната и најдобрата маска е на манекенката Хајди Клум. Таа ја доби титулата „кралица на Ноќта на вештерките“ и секогаш ги надминува очекувањата со нејзините легендарни маски за кои подготовките почнуваат месеци претходно. Овојпат, на нејзината забава во Њујорк, 49-годишниот […]

Поднесен обвинителен акт против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службената положба


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири. По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе […]

Приведен скопјанец за разбојништва во три аптеки


На ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, вчера во 13.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на септември и октомври годинава извршил повеќе кривични дела „разбојништво“ во аптеки во Скопје и една „тешка кражба“ во обид во стан. Од […]