Катар и Кина се договорија за испорака на течен гас до средината на векот


 

Катарскиот производител на гас „Катар енерџи“ потпиша 27-годишен договор за набавка на течен гас со кинеската „Синопек“ , нагласувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот.

Трката за ЛНГ се засили од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, а побарувачката ја предводи Европа, која се обидува да го замени рускиот гас, со удел во увозот од речиси 40 отсто досега.

Катар е најголемиот извозник на течен гас во светот, а во понеделникот потпиша долгорочен договор за снабдување со кинеската нафтена компанија „Синопек“.

„Денес е важна пресвртница за првиот купопродажен договор за проектот Северно поле Исток, (тежи) четири милиони тони, со кинескиот ‘Синопек’ за период од 27 години“, изјави за Ројтерс во Доха, шефот на „Катар Енерџи“, Саад ал-Каби, непосредно пред потпишувањето. на договорот.

„Многу сме среќни поради договорот со ‘Синопек’ бидејќи во минатото имавме долгорочна врска, која сега е подигната на нови, повисоки нивоа бидејќи имаме договор за продажба кој ќе трае до средината на векот“, додаде тој.

„Ова значи дека се склучуваат долгорочни зделки и се важни и за продавачот и за купувачот“, нагласи Ал Каби.

„Сметам дека неодамнешната нестабилност ги натера купувачите да ја сфатат важноста од обезбедување на долгорочно снабдување“, рече шефот на катарската компанија, додавајќи дека тие преговараат и со други купувачи во Кина и Европа кои сакаат да ја гарантираат безбедноста на понудата.

Механизмот за одредување цена ќе биде сличен на претходните договори кои беа врзани за цената на нафтата, истакна тој.

„Во односите со Азија, цената ја врзуваме за нафтата. Така работевме до сега, а тој механизам ќе го користиме и во иднина“, рече шефот на катарската компанија која ја презеде одговорноста за транспорт и испорака на гас.

Северното поле е дел од најголемото наоѓалиште на гас во светот, кое Катар го дели со Иран. Иранците својот дел го нарекуваат Јужен Парс, потсетува Ројтерс.

„Катар енерџи“ потпиша пет договори оваа година за „Норт филд ист“, првиот и главен дел од двостепениот проект за проширување на „Норт филд“.

Проектот вклучува и шест капацитети за производство на ЛНГ, што ќе го зголеми годишниот капацитет на Катар за втечнување од сегашните 77 милиони на 126 милиони тони до 2027 година.

После тоа, компанијата потпиша договори со три партнери за „Норт филд саут“, втората фаза на проширување.

Кинески „Синопек“ потврди дека во понеделникот го потпишале првиот договор за набавка поврзан со „Норт филд ист“.