Златни монети на Келтите украдени од германски музеј, вредат милиони


  Крадци украле цел куп келтски монети вредни неколку милиони евра од германски музеј, откако очигледно ги прекинале локалните телефонски и интернет врски. Вработените во музејот во Манчинг во вторникот откриле дека е „скршена витрина“ и дека колекцијата од 450 монети била украдена, изјави локалната полиција за АФП. Инспекторите не дадоа други детали за околностите […]

ЕУ воведе нови ознаки на автомобилските гуми


Од 2012 година, автомобилските гуми во продавниците за гуми мора да бидат означени, слично на машините за перење или фрижидерите во продавниците за електроника. Оваа ознака има за цел да им овозможи на купувачите на гуми да ги проценат индивидуалните својства на конкретните гуми или да споредат различни модели на гуми според три критериуми: триење, […]

Борбите се разгоруваат во источна Украина


  Борбите беснееја во украинскиот регион Доњецк во вторникот, додека Русија започна „масовно гранатирање“ во градовите и селата на линијата на источниот фронт, според локален претставник. Градот Авдиевка беше погоден од бран артилериски оган, изјави Павло Кириленко, шеф на воената управа на регионот Донецк. „Авдиивка најмногу настрада во правец на Донецк: имаше дојдовни удари во […]

Ковачевски и Мартин Шулц разговарале за социјалдемократските вредности


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Мартин Шулц, претседател на германската фондација „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот парламент. На средбата, како што соопштија од Владата, било разговарано за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Македонија, како и за актуелните случувања во земјава. Заеднички било оценето дека политиките на Владата, […]

За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода


Откако во Пенсилванија на автопат се запалил електричен Tesla Model S, пожарникарите морале да употребат огромна количина вода за да го изгаснат пожарот. Инцидентот се случил во централна Пенсилванија откако долниот дел на автомобилот удрил во нешто на автопатот. Откако се појавил чад, возачот го запрел возилото и со другите двајца патници од автомобилот излегол […]

Левица го нападна со навреди новинарот Зоран Бојаровски


  Генералната секретарка на опозициската политичка партија Левица, Јована Мојсоска, го нападна новинарот Зоран Бојаровски дека тој е владин советник и истовремено пишува во „Цивил медиа“. „Бојаровски е сороспија по шаблон, па истиот се вртит по разни проекти за граѓански активизам на Отворено општество, толкуват вистина во Метаморфозис, факт-чекират објави и како владин советник, пишуват […]

(Видео) Поплави во Тетово


Oбилниот дожд ги наполнил улиците во Тетово со вода, јави ТВ21. Поплавени се и дворови, подруми, улици и други објекти. Официјални соопштенија од надлежните уште нема, ниту дали се работи на терен.  

СП2022: По победата над Аргентина утре е државен празник во Саудиска Арабија


Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар. Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите. Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три […]

За 23 отсто зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Грција


 За 23 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција, а за четири проценти се намалил бројот на заразени во периодот од 14 до 20 ноември 2022 година, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. За една седмица биле регистрирани  53.800 случаи, од кои […]

(Видео) Земјотрес од 6,2 степени во близина на мексиканскиот брег на Долна Калифорнија


Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот бил на длабочина од 19 километри. Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри западно-југозападно од Лас Бризас, Долна Калифорнија, додава институтот. Нема извештаи за жртви или материјална штета. 

Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх и го расчини Леонид Клински


  Александриската патријаршија времено го прекина спомнувањето на името на Московскиот Патријарх и го расчини митрополитот Леонид Клински. Во објавата на веб страницата на Александриската патријаршија се наведува дека Светиот синод на заседанието одржано во соборниот храм на светиот патријаршиски манастир на свети Георгиј во Старо Каиро, подробно се занимавал со прашањето на, како што […]

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата


Од петок во Каталонија се воведуваат ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша и тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион. Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, рече дека засега нема да биде неопходно да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење, […]

Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната


  Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, на ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната. „Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се […]

Роналдо веќе не е член на Манчестер јунајтед


  Манчестер јунајтед и португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо спогодбено ставија крај на соработката, соопшти вечерва англискиот фудбалски прволигаш. – Клубот сака да му заблагодари на Роналдо за придонесот за време на двата негови ангажмани на „Олд Трафорд“. Постигна 145 голови на 346 натпревари. Нему и на неговото семејство им посакуваме сè најдобро во иднина, соопшти Манчестер јунајтед. – Сите […]

Конференција на проектот „М6 Чекор напред“: „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“


Во рамки на проектот „М6 Чекор напред“ утре во М6 Едукативниот центар во Скопје ќе се одржи третата по ред конференција, овој пат на тема: „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“ Ќе се дискутира за прашања како ќе се соочиме со краткорочните/среднорочните предизвици, дали е нарушена макроекономската стабилност, кои мерки треба да […]

Ограбен објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира за кражба во објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје.  Од таму соопштуваат дека биле одземени чанта со пари и документи. -На 21.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.56 часот на бул.„Партизански одреди“, пред објект на фирма за вршење поштенски услуги, две лица со закана кон […]

Стевчо Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е прогласен за почесен граѓанин на Општина Тиват. Тој го изрази задоволството од укажаната чест. -На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се „улица Карпошка“ и улица „Сремско Карловачка“, […]

Елон Маск масовно отпушташе, сега итно вработува персонал


Одлуката за масовно отпуштање работници не помина без проблеми, бидејќи Елон Маск сега бара од вработените да препорачаат нови луѓе. Кога Елон Маск го презеде Твитер на крајот на октомври, неговиот прв потег беше да ги отпушти речиси сите луѓе на раководни позиции во компанијата. Најбогатиот човек во светот не застана тука, туку во наредниот […]

Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар


 Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година, изјави за МИА потпретседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски кој соопшти дека денеска е постигнат договор со Владата и сите […]

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава


Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје попладнево соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра. Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено […]