Ковачевски и Мартин Шулц разговарале за социјалдемократските вредности
Заеднички било оценето дека политиките на Владата, втемелени врз социјалдемократски постулати, резултираа со развој и унапредување на демократијата, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи. Директен резултат на овие политики е и исполнувањето на нашата стратешка цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ.
На средбата било разговарано и за актуелната економска и енергетска криза и нејзиното надминување, како и за политичката клима во земјава пред отпочнување на собраниската процедура за уставните измени.
Мартин Шулц го изразил своето силно уверување дека негувањето на социјалдемократските вредности и вложувањето во заштитата, почитта и сигурноста на граѓаните се сериозна инвестиција во демократска и просперитетна иднина. Тој ја истакна важноста од постоење на една силна социјалдемократска платформа во регионот која ќе го гарантира обединувањето околу вистинските демократски вредности.