Ограбен објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира за кражба во објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје. 

Од таму соопштуваат дека биле одземени чанта со пари и документи.

-На 21.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.56 часот на бул.„Партизански одреди“, пред објект на фирма за вршење поштенски услуги, две лица со закана кон вработениот одзеле чанта со пари и документи, сопственост на фирмата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се наведува во соопштението на МВР.