Министерот Спасовски во работна посета на МВР на Австрија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре ќе предводи делегација на МВР на работен престој во Австрија.
Од МВР најавија дека министерот Спасовски денеска ќе оствари средба со претставници на здружението Црковна општина „Св. Наум Охридски“.
Спасовски утре ќе го посети австриското Министерство за внатрешни работи, при што ќе оствари билатерална средба со австрискиот колега Герхард Карнер, по која, како што е најавено, ќе следи заедничка изјава за медиумите.
Во текот на утрешниот денот, Спасовски во МВР на Австрија ќе одржи предавање на тема „Миграциски токови и значењето на потпишаниот договор со ФРОНТЕКС за безбедноста на европските граници“.
Во македонската Амбасада во Виена, утревечер министерот Спасовски ќе се сретне со претставници на дијаспората и со вработени во Амбасадата, во рамки на веќе воспоставената практика на средби со наши исселеници во странство, а под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”.