Ахмети најави нови средби со Алијансата за влез во владата


 Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата се уште се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано во оваа насока. – Се очекува одржување на наредни средби во оваа насока, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања […]

„Газпром“ се закани со прекин на транзитот на гас низ Украина


 Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека регистрирал „исчезнување“ руски гас во Украина, наменет за испорака до молдавските потрошувачи. Компанијата предупреди дека, доколку потрае транзитниот дисбаланс, ќе ја прекине испораката на гас в понеделник, 28 ноември, од десет часот. Според наводите на „Газпром“, количината гас што се испорачува за транзит до „Молдовагаз“ преку украинската територија, […]

ССМ ги притиска пратениците да изгласаат повисоки плати за административците


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до координаторите на пратеничките групи достави отворено писмо со предлог барање сите пратеници едногласно да предложат и изгласаат подобрување на работничкиот стандард. -Очекуваме, сите пратеници едногласно да предложат и изгласаат подобрување на работничкиот стандард особено во време на инфлација која е на највисоко ниво во изминатите 25 години. Ве […]

Етичка културна војна


Етичкиот напредок произведува корисен облик на догматизам. Нормално, здраво општество не дебатира дали силувањето и тортурата се прифатливи, бидејќи јавноста „догматски“ прифаќа дека тие се надвор од границите. На ист начин, општество чии лидери зборуваат за „легитимно силување“ – како што некогаш тоа го правеше поранешен републикански конгресмен во Соединетите Држави – или за толерантна […]

Наместо пари Данела им пратила инспектори на „Слобода превоз“


 Директорот на компанијата што опслужува дел од линиите на скопскиот градски превоз, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, информираше дека Град Скопје денеска извршил инспекции во претпријатието, нешто што според него никогаш не се случило досега и што го чувствуваат како притисок. – Ако мислат дека со тоа ќе извршат притисоци да се откажеме за да нема […]

Буџетот на Грција предвидува 9,7 отсто инфлација за 2022 и пет проценти за 2023 година


  Инфлација од пет отсто за следната и 9,7 проценти за тековната година,   раст oд 5,6 отсто во 2022 и 1,8 проценти во 2023 година, меѓу другото, предвидува буџетот на Грција за следната година, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот брифинг со новинарите, Иконому рече дека […]

Божиновиќ: Очекувам Хрватска на 8 декември да добие зелено светло за Шенген


Очекувам Хрватска на 8 декември да добие конечна потврда за влез во Шенгенскиот простор, бидејќи австриската загриженост не е поврзана со која било држава туку со севкупното функционирање, изјави денеска  хрватскиот потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Во изминатите денови австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер се спротивстави на проширувањето […]

Уништувањето на електричната мрежа во Украина е колосално


  Шефот на украинската државна електроенергетска компаија „Укренерго“ денеска ја опиша штетата на украинските електрани и останатата енергетска инфраструктура во земјата како колосална. Володимир Курдицки, шефот на управата на „Укренерго“, на прес-конференција рече дека „практично не постои термоелектрана или хидроелектрана која не претрпела штета во руските напади“. „Не можеме да генерираме толку енергија колку што […]

СЕФ 2022: Потребна е итна социјална и еколошка трансформација на земјите од регионот


  Живееме во време на контрадикции. Од една страна потребни ни се глобални решенија, а истовремено сведочиме дека структурите и институциите кои ни се потребни за да дојдеме до глобални решенија ни се ослабнати. Потребни ни се глобални правно-обврзувачки заклучоци и одлуки за социјално еколошка трансформација, истакна претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на […]

Пруси: Жално е што во 21-от век членка на ЕУ го негира јазикот и самобитноста на македонскиот народ


Азбуката не само што го карактеризира јазикот на еден народ, туку истовремено претставува и прозорец или врата од која понатаму почнува образованието и развојот на тој народ. Образованието на мајчин јазик, докажано е од еминентни експерти, секогаш дава многу подобри резултати. Жално е што во 21-от век од земја членка на ЕУ се негира јазикот […]

ВМРО-ДПМНЕ со над 200 амандмани ќе го „напаѓа“ Буџетот


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 200 амандмани за Предлог-буџетот со кој ќе настојува да ги измени владините проекции, најави денеска пратеникот Бојан Стојаноски. „Вчера до 16 часот заврши рокот за поднесување на амандмани, се поднесоа 263 амандмани на број од сите политички партии. Интересот е особено голем, и очекувам да биде особено плодна расправата бидејќи доста […]

Почести за Стивен Спилберг на Берлинале


САД- Стивен Спилберг ќе биде почестен на 73. Меѓународен филмски фестивал во Берлин со омаж и почесна Златна мечка на фестивалот за животно дело. Последниот филм на Спилберг, „The Fablemans“, неговиот полуавтобиографски поглед на растењето како тинејџер опседнат со филм во Аризона и Северна Калифорнија, исто така ќе биде прикажан на фестивалот кој ќе се […]

Азески – Ќура: Енергетиката останува клучен проблем за стопанството


  Енергетиката и натаму останува клучен проблем за стопанството, но не помалку важно е и немањето доволно човечки ресурси, односно квалификувана работна сила. Ќе мора што посокоро да се најде решение за компаниите, посебно за микро и малите бизниси кои се во тешка ситуација и трпат големи загуби. Моментно се чека да завршат активностите на […]

Марта Стјуарт откри дека пронашла 150 чанти на „Хермес“ во домовите на Крис Џенер и Клои Кардашијан


САД- Познатата готвачка, животен могул и ТВ -ѕвезда Марта Стјуарт откри дека пронашла 150 чанти на „Хермес“ додека шетала низ домовите на Крис Џенер и Клои Кардашијан. Чантите на луксузниот бренд Хермес се толку скапи, што ниту Холивуд не може да си ги дозволи. Листата на чекање, особено на моделот Биркин е толку долга, што […]

Македонците отсега ќе плаќаат по 300 долари за виза за да одат на Бали


  Една од омилените дестинации за патување, Бали на Индонезија, од неодамна стана тешко достапна за Македонците. Граѓани што договарале патување на овој рајски остров откажуваат аранжмани  бидејќи владата на Индонезија ја ставила Македонија на листата на држави за кои е потребна многу поскапа виза од вообичаената, што до неодамна ја добиваа на влегување во […]

Гази Баба ќе соработува со РЕДИ за рециклирање


Во рамки на РЕДИ Самитот  градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на иницијатива за воспоставување систем за примарна селекција на неопасен отпад. „На самитот потпишавме меморандум за соработка со кој се обврзуваме на иницијатива за воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад, подигнување на […]

Ентони Блинкен ја критикуваше ФИФА поради заканите кон играчите што ја носат лентата „One Love“


  ДОХА, Катар – Највисокиот американски дипломат во вторникот ја критикуваше одлуката на ФИФА да им се заканува на играчите на Светското првенство со жолти картони доколку носат ленти за поддршка на вклучувањето и различноста. Зборувајќи заедно со неговиот катарски колега на прес-конференција, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека „секогаш е загрижувачко… кога гледаме […]

Академијата за пилоти на „Визер“ го засилува регрутувањето на кадети


  „Визер“ (Wizz Air) денес објави дека го засилува регрутирањето за својата Академијата за пилоти, водечка програма за обука на пазарот за високо мотивирани кандидати да ја добијат својата лиценца за комерцијален пилот. Од нејзиното лансирање во 2017 година, над 100 кандидати успешно ја завршија програмата и сега работат во „Визер“ како пилоти. Од компанијата […]

Кисела Вода со Реди рециклажа во борба за почиста општина


Воспоставување систем за примарна селекција на неопасен отпад и подигнување на јавната свест за селектирање отпад во општина Кисела Вода овозможува потпишаниот Меморандум помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Здружението иницијатива за економски развој на Ромите „Реди“– Скопје, „Дусо реди рециклажа“ Скопјe. Заемните активности кои се опфатени во согласност со оваа иницијатива се поставување канти за […]

Арачиново потрошило 474 отсто повеќе струја во октомври 2022, отколку лани


Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со […]