Почести за Стивен Спилберг на Берлинале


САД- Стивен Спилберг ќе биде почестен на 73. Меѓународен филмски фестивал во Берлин со омаж и почесна Златна мечка на фестивалот за животно дело.

Последниот филм на Спилберг, „The Fablemans“, неговиот полуавтобиографски поглед на растењето како тинејџер опседнат со филм во Аризона и Северна Калифорнија, исто така ќе биде прикажан на фестивалот кој ќе се одржи од 16 до 26 февруари 2023 година. Universal Pictures Германија ќе го објави филмот во германските кина во март.

„Со неверојатната кариера, Стивен Спилберг не само што маѓепса генерации гледачи ширум светот, туку и даде ново значење на „киното“ како фабрика на соништата“, изјави режисерското дуо на Берлинале, Мариет Рисенбек и Карло Чатриан.

„Без разлика дали во вечниот магичен свет на тинејџерите или во реалноста што историјата ја издлаби засекогаш, неговите филмови нè носат на едно поинакво ниво, каде што големиот екран станува адекватна површина за исполнување на нашите емоции. Ако Берлинале 2023 претставува нов почеток, не би можеле да најдеме подобар почеток од оној што го нуди одличното дело на Спилберг“, додаваат тие.

Во текот на долгата и славна кариера, Спилберг беше номиниран за Оскар вкупно 19 пати и освои три Оскари – две статуетки за најдобар филм за „The Color Purple“ и „Schindler’s List“ и за режија  за „Спасување на војникот Рајан“.

„Тој се смета за најуспешен филмаџија на сите времиња“, се вели во соопштението на Берлинале, во кое исто така се истакнува дека Спилберг има добиено бројни Златни глобуси и Еми за неговото снимање, како и мноштво почести за неговата посветеност на социјалните каузи.

Берлиналето подвлече дека Спилберг во 1998 година бил одликуван со Големиот крст со Ѕвезда на Орден за заслуги на Сојузна Република Германија како признание за „Шиндлеровата листа“ и неговата фондација Шоа. Во 2001 година, кралицата Елизабета Втора го назначи  за командант на Редот на Британската империја (КБЕ). Во 2015 година, тој го доби Претседателскиот медал на слободата од тогашниот американски претседател Барак Обама.

Изборот на филмовите на Спилберг кои ќе бидат прикажани на Берлинале како дел од омажот, како и датумот на церемонијата на која тој ќе ја добие наградата ќе биде објавен подоцна. (Варајати)