Сите производствени капацитети на државата ќе бидат подготвени од 1 декември да произведуваат струја, вели Бектеши


  Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитет за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Граѓаните и компаниите да бидат спокојни нема да има никаков проблем во делот на снабдување со електрична енергија. Има план за производство и од 1 декември кога […]

Пад на германскиот извоз во Русија и Кина


  Германскиот извоз во Русија и Кина е значително намален во октомври, покажаа денеска објавените прелиминарни податоци на националниот Завод за статистика (Дестатис). Германскиот извоз во Русија е повеќе од преполовен во споредба со истиот период минатата година, намалувајќи се за милијарда евра, се посочува во прелиминарниот извештај за извозот во категоријата „трети земји“. Извозот […]

Инклузивноста на Ромите важна за економскиот развој на државата


Ромската популација е една од засегнатите страни вклучени во економските политики, нивната подобра интеграција и вклучување во сите сфери ќе даде придонес за севкупниот економски развој во државата, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната отворање на меѓународниот „РЕДИ самит“. Вицепремиерот истакна дека настанот е од особена важност и дека тема на […]

Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1


Првото големо изненадување на светски шампионат во фудбал го направи селекцијата на Саудиска Арабија совладувајќи ја Аргентина со резултат 2:1. Голем шок за еден од најголемите фаворити на Мундијалот во Катар се случи на отворањето на групата Ц, на натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија. Иако фаворизираните Аргентинци водеа со 1:0 со голот од пенал […]

Славески: Арсовска сакала да ги оневозможи советниците да го донесат буџетот во законскиот рок


Градоначалничката Данела Арсовска не само што не сакала да се донесе ребаланс за тековната година, туку се впуштила во авантура да ги оневозможи советниците да го донесат предлог-буџетот за 2023 година во законскиот рок, обвини во писмена изјава претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Писмената изјава на Претседателот на Совет во Град Скопје, […]

Хари Стајлс и Оливија Вајлд паузираат со врската


САД- По речиси две години врска, Оливија Вајлд и Хари Стајлс решија да се одморат, но извор изјави за Page Six дека нема „лоша крв“ меѓу поранешната двојка. „Нема лоша крв меѓу нив. Хари не ја отфрли Оливија, или обратно“, рече изворот. „Ова е најдолгата врска што Хари некогаш ја имал, па очигледно е дека […]

Во РЕК Битола пристигнаа првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 


Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композицијата што го пренесува 240 тони тешкиот трансформатор, денес ја помина главната капија на РЕК Битола.  Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката […]

„Среќна сум што сум жива“. Блајт Денер ја открива битката со истиот рак што го уби нејзиниот сопруг Брус Палтроу


САД– Годинава, празниците ќе бидат малку послатки за Блајт Денер, која за прв пат открива дека е во ремисија по долгогодишна борба со оралниот канцер, истата болест која го уби нејзиниот сакан сопруг Брус Палтроу во 2002 година. „Сите се допрени од ракот на некој начин, но невообичаено е двојката да го има истиот рак“, […]

Линде: Благодарност до Северна Македонија за поддршката за членство на Шведска во НАТО


Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде денеска во Скопје изрази благодарност до Северна Македонија за поддршката на напорите на Шведска за членство во НАТО. – Особено е важна оваа поддршка од сите 28 земји, вклучително и од Северна Македонија. Без двоумење заземавте позиција против Русија и стопроцентно се усогласивте со одлуките и […]

Ковачевски: Владата отворена само за тие што се за продолжување на европскиот пат


Вратата за влез во Владата е отворена за оние политички партии кои ги делат вредностите на владината коалиција и кои се за продолжување на европскиот пат на државата, бидејќи друга алтернатива немаме, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, осврнувајќи се на разговорите со Алијанса за Албанците за приклучување кон владиното мнозинство. – Одговорот што јас го […]

Нова пратка на возила од БРАКО испорачана за Обединетото Кралство


Шест возила за одржување на хигиена во урбани услови, кои се произведуваат во капацитетите на БРАКО во Велес, се упатија во посебна пратка кон Обединетото Кралство. Овој мини контингент се состои од по две возила тип GM400ze и GM636, но особено се издвојуваат две возила тип GM424. GM 424 се лесни за одржување на хигиена […]

Висока мода и фудбал: Шеиката Моза бинт Басер облече фустан стар 12 години и испрати моќна порака


ОАЕ – Шеиката Моза бин Насер, сопругата на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, завчера, на отворањето на Светското првенство во фудбал во Катар, облече бордо фустан стар 12 години, и тоа со посебна симболика. И покрај тоа што нејзиниот сопруг се откажа од престолот во интерес на својот син, шеика […]

Девет општини од земјава добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА


На девет општини од Северна Македонија, шест од Косово и три од Хрватска денеска им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа […]

Снегот ја парализираше Шведска – откажани летови, возови, автобуси


  Шведскиот хидрометеоролошки институт (СМХИ) издаде предупредување поради снегот кој сѐ уште паѓа во поголемиот дел од земјата. Поради снежните врнежи откажани се летови, возови и други видови превоз. Во големи делови од Стокхолм, СМХИ издаде портокалово предупредување за снежни врнежи во понеделникот, додека жолти предупредувања се во сила за делови од округот Упсала, најисточниот […]

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши


  Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.  Одговарајќи на прашање на новинарите за можноста граѓаните кои штедат да добијат некаква награда, Бектеши рече дека нашата земја прва во регионот вовела стимулативни мерки преку воведувањето блок-тарифи. „Потрошувачката е […]

М-НАВ вработува советник за односи со јавност без искуство, за плата од 46.000 денари


М-НАВ А.Д. – Скопје вработува советник за односи со јавност, за плата од 46.272 денари, без работно искуство. Имено, во огласот објавен во дневните весници, се вели дека за Советник за односи со јавност се бара лице со високо образование од областа на општествените науки, без работно искуство, со општи работни компетенции, стратешка свест, познавање […]

Промоцијата на книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ


Промоцијата на книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски ќе се одржи вечер во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје. Поетската книга е издание на „Бата прес“, а нејзиното објавување е поддржано од Министерството за култура. Книгата заеднички низ дијалог ќе ја промовираат авторот и писателот Гоце Смилевски. Песни од книгата музички […]

Од илјада компании, до сега околу 300 побарале повластена цена за струјата, рокот истекува утре


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика комапниите да ја искористат можноста и да поднесат документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, 23 ноември.  Од околу илјада компании кои го исполнуваат условот за ваквиот премин, според шифрата на дејност која ја […]

Ковачевски вели дека ова е време да се покаже солидарност


  Премиерот Димитар Ковачевски наведувајќи ги пакетите на антикризни мерки од 760 милиони евра за граѓаните и компаниите денеска рече дека тоа билее социјалдемократски политики кои мора да бидат применети во вакво време. „Ова не е време на изобилие, ова е време на солидарност“, рече Ковачевски на панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа” во […]

 Генералното собрание на НАТО ги повика членките да ја прогласат Русија за терористичка држава


 Генералното собрание на НАТО усвои резолуција поврзана со Самитот на Алијансата одржан во Мадрид, како и со актуелната руска агресија врз Украина. „Ги повикуваме државите членки јасно да изјават дека руската држава под сегашниот режим е терористичка“, истакнуваат од Генералното собрание на НАТО. „Им нагласуваме на владите и парламентите на земјите-членки на НАТО дека, со […]