Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1


Првото големо изненадување на светски шампионат во фудбал го направи селекцијата на Саудиска Арабија совладувајќи ја Аргентина со резултат 2:1.

Голем шок за еден од најголемите фаворити на Мундијалот во Катар се случи на отворањето на групата Ц, на натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија.

Иако фаворизираните Аргентинци водеа со 1:0 со голот од пенал на Лионел Меси, а во првото полувреме и беа поништени дури три гола заради офсајд, репрезентивците на Саудиска Арабија ги шокираа со два гола на почетокот на вториот дел, а потоа го задржаа водството до крајот на натпреварот.

Меси и тимот имаа неколку шанси, но покажаа дека не им оди во неочекувани ситуации, а својата мисија за напад на светскиот трон ја започнаа со пораз кој апсолутно никој не го очекуваше.

Денес на распоредот на Светското првенство се уште три натпревари. Од групата Ц ќе играат Полска и Мексико (17 часот).

Од 14 часот играат Данска – Тунис, а од 20 часот Франција – Австралија во 1.коло од Д-групата.