Ковачевски вели дека ова е време да се покаже солидарност
Тој изјави дека Македонија прва почнала со трансформација на производство на електрична енергија од старите централи на лигнит на фотоволтаични централи. Прв таков проект се наоѓа во Осломеј, кадешто на старите наоѓалишта на јаглен ја имаме првата фотоволтаична централа од десет мегавати веќе пуштена во употреба.
Веќе се работи на втората а со јавно приватно партнерство веќе се договорени две фотоволтаични централи од по 50 мегавати што значи дека една лигнитна централа од 120 мегавати ќе биде заменета со фотоволтаична централа од 120 мегавати.
„Не смееме да дозволиме како во времето на транзицијата луѓето да остануваат без работа. Работниците ќе бидат тренирани и ќе работат на новите централи кои ќе се градат“, нагласи премиерот и додаде дека по пат на јавно-приватно партнерство во 2023 година ќе бидат пуштени во употреба 130 мегавати на фотоволтаични централи.
Тој им порача на вработените во РЕК „Битола“ и во Осломеј дека не треба да стравуваат за своите работни места бидејќи овие електроенергетски капацитети ќе продолжат со работа на среден рок.