ВМРО-ДПМНЕ со над 200 амандмани ќе го „напаѓа“ Буџетот


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 200 амандмани за Предлог-буџетот со кој ќе настојува да ги измени владините проекции, најави денеска пратеникот Бојан Стојаноски.

„Вчера до 16 часот заврши рокот за поднесување на амандмани, се поднесоа 263 амандмани на број од сите политички партии. Интересот е особено голем, и очекувам да биде особено плодна расправата бидејќи доста од пратениците се заинтересирани да учествуваат во истата. Најмногу интерес за расправа има ВМРО-ДПМНЕ со над 200-тини амандмани“, истакна Стојаноски на „Утрински печат“.

Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ оваа година има повеќе амандмани затоа што во моментов економската ситуација е од повеќе загрижувачка. А, и се направи доста инклузивен процес во кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи и граѓанските организации, организациите на работодавачите, синдикати, организациите на средношколците и студентите. Тоа што го побараа овие граѓански организации тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го преточи во амандмани.

„Финансиски амандманите тежат не повеќе од онаа рамка која што ја предвиде како капитални инвестиции да се реализираат кои што досега не се реализираа. Од прилика можеме еве да кажеме ако ги редефинираме средствата кои што се на таа ставка може да се исполнат сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии кои што се поднесени“, рече Стојаноски додавајќи дека пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана најмногу на амандманите кои што ги побараа синдикатите.

„Конкретно, за зголемување на сумата на средства која што може да се одвои за плати, која што потоа при дијалог со економско социјалниот совет синдикатите со Владата би се договориле каде би завршиле тие средства. Имаме и амандмани од аспект на енергетиката, од аспект на здравството. Имаме доста амандмани кои што требаат како локални проекти, но кои што треба Владата особено да ги помогне, тука сакаме да ја засилиме соработката помеѓу Владата и општините. И секако доминираат заради тоа што се најактуелни амандманите за образованието, особено за барањата на студентите“, заклучи пратеникот Стојаноски.

 

Со почит,