Најголеми мундијалски изненадувања
Победата на Саудиска Арабија над Аргентина 2-1 во воведното коло од групата Ц на Светското првенство во Катар несомнено е меѓу најголемите мундијалски изненадувања во историјата и може да се спореди со триумфот на Северна Кореја над Италија или победата на САД против Англија.
Аргентина допатува во Доха како еден од главните фаворити за светската титула и беше во серија од 36 натпревари без пораз.
Рекордот остана во сопственост на Италија со 37 натпревари без пораз.
Најголеми изненадувања во историјата на СП:
Северна Кореја – Италија 1-0 (19.7.1966, Англија)
САД – Англија 1-0 (29.6.1950, Бразил)
Камерун – Аргентина 1-0 (8.6.1990, Италија)
Сенегал – Франција 1-0 (31.5.2022, Јужна Кореја)
Западна Германија – Унгарија 3-2 (4.7.1954, Шведска)
ГДР – Западна Германија 1-0 (22.6.1974)
Бразил – Уругвај 1-2 (16.7.1950, Бразил).