Во Србија предлагаат новинарите да добијат статус на службено лице и бенефициран стаж


Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран работен стаж, јави Бета.

„Со донесување законски прописи што ќе ги назначат новинарите како функционери на оваа држава, ќе има правна основа дека нападот врз новинари е напад врз државата, како што е сега случајот, на пример, со полицијата“, се вели во соопштението.

Тие сметаат дека на тој начин драстично ќе се намали таргетирањето на новинарите од страна на насилници, а со тоа ќе се намали и бројот на напади врз новинари.

За тоа дека на новинарите треба да им се обезбеди бенефициран стаж би требало да се договорат државните органи, новинарските здруженија и невладиниот сектор

Причината за тој предлог е, како што наведуваат од синдикатот, краткиот животен век на новинарите.