Кај Прага ископана таинствена структура постара од Стоунхенџ и од пирамидите


  Археолозите во плизина на Прага во Чешка, открија остатоци од каменото доба која е постара од Стоунхенџ, па дури и од египетските пирамиди – таинствен комплекс познат како рондела. За сега уште не е позната точната намена на оваа структура стара речиси 7.000 години, но можеби локалното земјоделско население од тој период ја користело […]

Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизација


Казахстанскиот претседател рече дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат воената мобилизација, која е во тек во Русија, поради праќање во војна во Украина. „Последните денови ни пристигнуваат полно луѓе од Русија. Повеќето се приморани да заминат поради безизлезната ситуација“, вели Касим Жомарт Токаев. „Мора да ги згрижиме и […]

Жичницата на Водно утре нема да работи


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека жичницата до 14.30 часот утре, нема да работи. Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно. Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини. […]

Тренчевска-Тодоровска: Соработка за подобрување на законите и заштитата на жените жртви на семејно насилство


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска одржа средба со претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска. – Националниот совет е наш долгогодишен партнер во подготовка на сите политики, закони и стратешки документи, како и наши партнери во спроведувањето на услугите кон жените жртви на насилство. Денешната посета ќе ја искористиме […]

Шведска забележала дека гасот од „Северен тек 1“ протекува на две места


  Шведската поморска управа соопшти дека издала предупредување за две истекувања на гасоводот „Северен тек 1“ во сопственост на Русија во шведските и данските води, набргу откако беше откриено истекување на блискиот проект „Северен тек 2“. „Има две протекувања на ‘Северен тек 1’ – едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. […]

МНР го осуди говорот на омраза на мечот Македонија – Бугарија


  Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за, како што наведува во соопштение, вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. „Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата […]

Русија приведе јапонски конзул, Токио гневно


  Јапонија во вторникот ја обвини Русија за неприфатливо однесување и предупреди дека ќе преземе „соодветни мерки“ како одговор, еден ден откако руската федерална безбедносна агенција ФСБ уапси јапонски дипломат во Владивосток. Службеникот, идентификуван во извештаите како Мотоки Тацунори, беше обвинет дека е шпион. Тацунори е конзул во јапонскиот генерален конзулат во Владивосток, на истокот […]

Градинките ќе имаат греење зимава


Градинките во земјава нема да останат без греење зимава, а можат да ги плаќаат и сметките за електрична енергија, затоа што нивната тарифа е како за домаќинствата, односно не користат индустриска струја. „Ќе има греење во градинките како и во сите останати институции. МТСП е одговорно, преку блок дотации за покривање на платите на сите […]

Британецот кој избега со Украинка, се раздели од неа и сега се плаши за себе


Тони Гарнет, Англичанецот „хуманист“, кој стана „планетарно познат“ по тоа што прво во својот дом прифати Украинка која поради војната избегала од татковината, па ги остави сопругата и двете деца, кусо потоа, по околу четири месеци, раскина и со новата љубовница. На сѐ тоа му претходела болна расправија. Гарнет, имено тврди дека засекогаш раскрстил со […]

Предупредување до жителите на западна Грција поради невремето „Богдан“


Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на […]

Голем пожар во Крањ, евакуирани 67 лица


Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евекуирани 67 лица. Во пламенот што избувнал околу 23:30 часот целосно е уништена зградата, додека од интензивната топлина е оштетен објект во непосредна близина, неколку возила и стакла на соседните згради. Околу 1 часот по полноќ пожарот е […]

Најмногу дожд на Попова Шапка


  Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, […]

Чешка привремено ја враќа контролата на границата со Словачка


  Владата на Чешка привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Вит Ракусан. Според него годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија. – Од почетокот на 2022 година, полицијата приведе 11.000 илегални мигранти. Има транзитна миграција, огромното мнозинство […]

Роџер Вотерс му пиша отворено писмо на Путин: „Дали би сакале да го видите крајот на оваа војна?“


  Познатиот рок-музичар и коосновач на легендарните „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, го објави своето отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин, барајќи од него да се заложи за прекин на огнот и дипломатско решение за да се стави крај на руско-украинската војна. Во изјавата споделена на социјалните мрежи, Вотерс истакна дека бил поттикнат да му […]

Државната обвинителка на Босна и Херцеговина санкционирана од САД 


  Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина, Дијана Кајмаковиќ, е санкционирана од САД поради континуирани обиди за поткопување на демократијата и владеењето на правото во земјата, но и поради корупциски скандали, потврдија синоќа од Стејт департментот. Лицата ставени на „црната листа“ на Вашингтон не смеат да патуваат во САД и им се замрзнува имотот […]

Здружението „Диван“ објави стихозбирка „Мостови на пријателство 6“


  Здружението „Диван“ по шести пат објави стихозбирка „Мостови на пријателство“, традиционално по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. Во годинашната збирка се застапени песни од 112 автори кои во нив пренесуваат универзални пораки за љубов, мир, разбирање и почитување меѓу луѓето. -Со оглед на фактот што писателите припадници на помалобројните заедници, особено Бошњаците, […]

„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ и разговор со уметницата


  Во соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, по првпат во Северна Македонија гостува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци. Нејзината изложба насловена „Доаѓаме со поклон“ ќе биде официјално отворена вечер во Чифте амам во 20:30 часот, […]

Вселенско летало на НАСА успешно се судри со астероид во тест за одбрана на планетата


  Вселенско летало од повеќе милиони долари директно се судри со астероид со големина на фудбалски стадион во понеделникот во невиден тест за капацитетот на НАСА да ја одбрани Земјата од сценарио за судниот ден. Леталото на НАСА успешно се урна во астероидот Диморфос на 110 милиони километри од Земјата. Мисијата, позната како „Дарт“ (Тест […]

Предавање „Цензурата во филмот“ во Францускиот институт во Скопје


  Предавање на тема „Цензурата во филмот“ денеска ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 17 часот. Предавач ќе биде Ив Гунен, советник за меѓународни односи во Државниот совет на Франција, а настанот ќе го отвори францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. Гунен ќе говори за филмската цензура наназад низ децениите, […]

Концерт на класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ во Штип


Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечер од 19 часот ќе одржи концерт во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Шуман и „Медитација“ од Ж. Масне. Утре со почеток во 19 часот дуото ќе одржи концерт и во Центарот за култура „Антон Панов“ во […]