Руски рапер извршил самоубиство за да не биде мобилизиран


  Во рускиот град Краснодар, раперот Иван Петунин, познат како Воки, се самоуби поради „делумната мобилизација“ објавена во Руската Федерација. Телото на 27-годишниот Петунин е пронајдено во близина на една од високите згради во градот, објави медиумот 93.ru. Непосредно пред смртта Петунинобјави видео порака во која изјавил дека ќе се самоубие поради неподготвеноста да оди […]

Русија стави вето во Советот за безбедност на резолуција која ја осудува анексијата


  Русија во петокот стави вето на резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации со која би се осудила тврдената руска анексија на четири украински региони по таканаречените референдуми за приклучување кон Руската Федерација. Референдумите беа универзално отфрлени како „измама“ од Украина и западните земји. Резолуцијата би ја осудила руската „организација на незаконски таканаречени […]

Инфлацијата во еврозоната скокна на рекордни 10 проценти


  Инфлацијата во еврозоната во септември достигна нов рекорд од 10 отсто на годишно ниво од 9,1 отсто во август, објави европската статистичка служба Евростат. Стапката на инфлација ги надмина прогнозите на економистите кои предвидуваа дека ќе изнесува 9,7 отсто, пренесува CNN. Податоците, исто така, покажаа дека растот на цените се прошири од нестабилните цени […]

Нови шест месеци затвор за Александар Василевски-Нинџа


  Александар Василевски-Нинџа, кој е осуден на затворска казна за упадот во Собранието што се случи на 27 април, доби нова затворска казна од шест месеци откако пред Основниот кривичен суд – Скопје признал вина за помагање бегство на две лица. Од Кривичниот суд за МИА, потврдуваат дека Василевски – Нинџа е осуден на шест […]

Путин на концертот на Црвениот плоштад: „Победата ќе биде наша“


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе биде победничка за време на славеничкиот концерт на Црвениот плоштад во Москва во петок, откако прогласи анексија на четири региони на Украина. „Станавме посилни затоа што сме заедно. Кај нас е вистината, и навистина, моќта! А тоа значи победа! Победата ќе биде наша!“ изјави Путин. Путин […]

Груби ја поправа изјавата за Ахмети – се збунил


  Неколку часа откако рече дека „нема Ахмети потреба од ДУИ, туку ДУИ има потреба од Ахмети“ вицепремиерот Артан Груби попладнево на Фејсбук објаснуваше дека „несреќна збунетост на зборови“ погрешно се изразил. „Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на секој од вас кои сте убедени во неговиот животен пат, во неговата правда, […]

САД и Британија ја ставија под санкции и гувернерката на руската централна банка, Набиулина


  САД ѝ наметнaa на Русија, како што велат, „брзи и тешки трошоци“ откако претседателот Владимир Путин објави анексија на региони на Украина по она што Западот го нарече „лажен референдум“, вклучително и таргетирање на клучна фигура во руската економија. Путин во петокот потпиша документи за формално отпочнување на процесот на анексија на четири региони […]

ФЕИТ: Златна диплома за електроинженерите кои дипломираа пред пет децении


Да се видите со колеги со кои пред пет децении сте дипломирале на еден од најпрестижните факултети во земјата не е мала работа. Притоа, да се добие и златна диплома, како признание за таквиот јубилеј, задоволството го прави уште поголемо. Оваа убава традиција на Факултетот за електротехника и информациски технологии, продолжи и годинава, со доделување […]

Скопјанец починал во близина на објект во изградба


Скопјанец починал во близина на објект во изградба во Скопје.  На 29.09.2022 во 11.27 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во близина на објект во изградба на бул.„Киро Глигоров“ починал Р.А.(63) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото […]

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција


Шведскиот Инспекторат за стратешки производи денеска информираше дека повторно издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со тоа е укинато ембаргото што беше на сила од 2019 година. Ваквиот потег е поврзан со напорите на Шведска да влезе во НАТО. Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз по руската инвазија на […]

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија


 Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје. Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на […]

Tимот на Реплек волонтираше за помош за бездомниците во рамки на глобалната иницијатива ‘Петок за заедницата’


  Во согласност со својата трајна определба за општествено одговорно делување, тимот на Реплек се приклучи кон глобалната волонтерска иницијатива – Петок за заедницата (Social Friday). На третиот по ред годинашен Петок за заедницата, што на глобално ниво се одржува на 30-ти септември, членовите на тимот на Реплек обезбедија помош за лицата кои престојуваат во […]

Црна Гора протера уште 28 странски државјани поради соработка со странски служби


  Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност ускратија престој и забранија влез во Црна Гора на 28 странски државјани кои работеле за странски служби, соопшти денеска Министерството. „Преку акцијата спроведена од Агенцијата за национална безбедност, се идентификувани лица како носители на малигно влијание извршено за интереси на странски служби“, се наведува во […]

Државната кардиологија доби американска донација од 567.000 долари


  Универзитетската клиника на кардиологија „Мајка Тереза“ во Скопје, Македонија доби донација од медицинска опрема во вредност од 567.800 американски долари од организацијата „World Medical Relief“ со седиште во Мичиген, реализирано со логистичка поддршка од Здружението на резидентни лекари – RDA. World Medical Relief соработуваше со Обединетата македонска дијаспора и медицинската мисија „Датилио“, заедно кои […]

Украина поднесе барање за членство во НАТО


  Украина официјално поднесе барање за пристапување во Северноатлантската алијанса врз забрзана основа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Де факто веќе го поминавме патот кон НАТО. Де факто, ние веќе докажавме интероперабилност со стандардите на Алијансата, тие се реални за Украина – реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција… Денес Украина […]

НБ: Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2022 година намален за 101 милион евра


  На крајот на вториот квартал од 2022 година нето надворешниот долг изнесува 3.988 милиони евра (или 29,9 отсто од проектираниот БДП) и бележи квартално намалување за 101 милион евра, или за 2,5 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето долг со 57 отсто, е истакнато во […]

Пендаровски утре оди во Бугарија


  Претседателот на државата Стево Пендаровски, на покана на претседателот на  Бугарија, Румен Радев, утре во Софија ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија. На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лајен, претседателка на […]

Во Скопје стартуваше 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“


  Денеска стартуваше 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата, професори и наставници. На отворањето се обратија Ирена Чаушевска Даниловска лидер на натпреварот во Македонија, како и Марлин Најс, Советникот […]

ЕУ: Никогаш нема да ја признаеме нелегалната анексија


  Европската унија силно ги отфрли и ги осуди руските анексии во Украина и рече дека „никогаш нема да ја признае“ „нелегалната анексија“ на Кремљ. Коментарите на блокот дојдоа кога рускиот претседател Владимир Путин во петокот официјално потпиша декрет за незаконско анексија на речиси една петтина од територијата на Украина, што е очигледно кршење на […]

БЕГ: Не стопанисувавме бесправно со топланите. „Адора“: Изјавата на БЕГ не е точна


  Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) во пишано соопштение до медиумите порачува дека е неточна изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи, како што велат, ги користеле согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи, договорот го наследува новиот сопственик на топланите. -Во моментот кога „Адора“ ги купи топланите […]