МНР го осуди говорот на омраза на мечот Македонија – Бугарија


Фото: Б. Грданоски

 

Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за, како што наведува во соопштение, вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството додава дека Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската унија, и пред сѐ, добри соседи.