Концерт на класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ во Штип


Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечер од 19 часот ќе одржи концерт во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип.

На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело Арпеџоне“ од Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Шуман и Медитација од Ж. Масне.

Утре со почеток во 19 часот дуото ќе одржи концерт и во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски – виолончело и Димитар Ганчевски – пијано, кои настапија и во Гевгелија, Скопје, Прилеп и Битола.

Влезот за концертот е слободен