Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизација


Казахстанскиот претседател рече дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат воената мобилизација, која е во тек во Русија, поради праќање во војна во Украина.

„Последните денови ни пристигнуваат полно луѓе од Русија. Повеќето се приморани да заминат поради безизлезната ситуација“, вели Касим Жомарт Токаев. „Мора да ги згрижиме и да им дадеме сигурност“, додава тој.

Токаев е близок сојузник на Москва, кој по офанзивата врз Украина се оддалечи од Кремљ. Уште еднаг ја осуди војната во Украина и повика на почитување на територијалниот интегритет.

„Територијалниот интегритет на државата мора да биде неотуѓив, тоа е клучно начело“, рече Токаев.

Казахстан е во стопанска и царинска унија со Русија, но има добри односи и со Западот и со Кина.