Жичницата на Водно утре нема да работи


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека жичницата до 14.30 часот утре, нема да работи.

Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани
активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.

Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од
вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.

Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.